ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Струја ќе има без рестрикции, а цената ќе остане иста – сите капацитети се во функција

January 12, 2023 15:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите капацитети за производство на електрична енергија во државата се во функција и работат. Граѓаните да бидат спокојни, струја ќе има без рестрикции, а цената нема да се зголемува, рече премиерот Димитар Ковачевски кој денеска оствари работна посета во Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“.

Како што истакна Ковачевски, сите напори на Владата беа насочени кон справување со енергетската криза и резултатите се веќе евидентни.

Премиерот, придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, потенцира дека РЕК Битола работи со полн капацитет, со сите три блока, а во функција се и РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост.

-Успеавме да ги ангажираме сите капацитети за домашно производство на електрична енргија, а цената на струјата не се зголемува. Ефектите од нашата посветеност да се справиме со кризата, се сигурна и стабилна испорака на струја до сите во државата, нагласи Ковачевски.

Според министерот Бектеши, паднаа во вода обвинувањата на некои политичари дека нема шанси да се стават сите капацитети во функција, како и дека ќе нема поскапување на струјата.

-Со деноноќно работење и доверба, за неполна година заеднички со премиерот успеавме да се справиме со енергетската криза. Првпат во земјава сите државни капацитети се вклучени и тоа е голем резултат не само на Владата, туку и на вработените во ЕСМ. Со ова паѓаат во вода сите тврдења на некои политичари, меѓи кои има и електроинженери кои не успеале ова да го направат, а овој тим успеа, потенцира Бектеши.

И директорот Ковачевски напомена дека ЕСМ ги стави во функција сите државни капацитети.

-Тоа значи дека со сите капацитети вклучени на мрежа дневното производство се приближува на 20 000 мегават часови. Овој тренд на зголемување е приближно на производството во најдобрите времиња на РЕК Битола и ЕСМ и кога постројките беа понови. Со ваквото дневно производство го задоволуваме потребниот конзум за сите, подвлече Ковачевски.

 

Tags: Васко КовачевскиДимитар КовачевскиКрешник БектешиПремиеротРЕК БитолаРударско-енергетскиот комбинат „Битола“
Next Post
Владимир Путин

Цената на нафтата и гасот го банкротираат Путин

НАЈНОВО

Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Инстаграм

Би-Би-Си ѝ се извини на принцезата Кетрин поради погрешно ословување во преносот за Денот на сеќавањето

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk