Директорот на Ал Хилал, Фаед Ал – Мофариј, ја потврди денеска заинтересираноста за услугите на Лионел Меси, ден откако шпанските медиуми објавија дека саудискиот клуб е подготвен да му понуди на аргентинскиот фудбалер тригодишен договор вреден рекордни 900 милиони евра.
„Го прашав Ал – Мофариј за можноста да го ангажира Меси. Ми рече: Сè е исто како и во случајот со Кристијано Роналдо. Не станува збор само за интерес на нашиот клуб, ова не е работа само за нашиот клуб. Сите саудиски клубови имаат иста цел, а тоа е голем исчекор на кој нè инспирираше нашиот министер за спорт“, објави на социјалните мрежи Еслам Магди од Дубаи.
Меси има договор со ПСЖ до крајот на оваа сезона, а според француските медиуми, Аргентинецот постигнал начелен договор со клупското раководство да го продолжи договорот за уште две сезони за годишна заработка од 40 милиони евра