Италијанската влада дозволи лов на диви животни во урбаните средини. За време на усвојувањето на буџетот за 2023 година, Претставничката комора во Рим во последен момент усвоила амандман со кој на граѓаните им се дава право да ловат диви свињи на улиците на своите градови, наведува Vasroma.
Кој смее да лови?
Лиценцираните и обучени ловци сега можат да пукаат во животни кои се населиле на периферијата на градовите во случаи кога тие што пукаат не ја загрозуваат јавната безбедност.
A group of wild boar pottering around the Aurelio area of Rome today #cinghialipic.twitter.com/EW35x4AEPg
— Wanted in Rome (@wantedinrome) September 15, 2022
Ова не било случај со 70-годишниот маж (на кого и му била истечена лиценцата), кој од својот прозорец пукал во дива свиња и погодил автомобил кој се движел. За среќа била избегната трагедија. Куршумот го запрело стаклото на прозорецот од автомобилот, а 56-годишниот маж кој го управувал автомобилот останал смирен и избегнал можна несреќа, а потоа повикал полиција.
Wild boar surround a woman in a Rome supermarket carpark, and steal her groceries ? ? ?
No idea why I find this so hilarious ? pic.twitter.com/32wnVle1me
— Diane Masterson (@gingerbreadmiss) May 14, 2021
На одлуката за дозвола за лов влијаела зголемената популација на овие животни по улиците на градовите, поради што локалното здружение на фармери „Колдирети“ ја поздравило мерката. Според нивните податоци, нивниот вкупен број во таа земја е 2,3 милиони. Месото од дивечот може и да се консумира, откако ќе го прегледаат здравствените служби.
„Дивите свињи во предградијата во Италија станале закана за здравјето, работата и безбедноста“, изјави лидерот на „Колдирети“, Еторе Прандини за време на дебатата во Претставничкиот дом.
„Престанаа да се плашат од луѓе и се повеќе се доближуваат до куќите и училиштата, влегуваат во паркови, уништуваат земјоделски култури, напаѓаат животни, опсадуваат сточарски објекти, предизвикуваат сообраќајни несреќи и претураат по ѓубрето“, се пожали Прандини. Според студијата нарачана од истражувачкиот институт „Ixè“, инциденти со диви свињи во Италија се случуваат на секои 48 часа.
На дозволувањето на ловот се противат опозициските и еколошките организации, а портпаролот на италијанските зелени, Анџело Бонели најави протести на национално ниво и жалба до Европската Унија.
Извор: Агротим