ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасувачите во јужните делови на САД тргаат по преживеани по торнадото

January 14, 2023 12:15
in ДЕНЕС, СВЕТ

Спасувачи забрзано трагаат по преживеани во урнатините на куќите, откако неколку торнада поминаа низ јужните делови на САД, а најмалку девет лица загинаа во невремето во сојузните држави Алабама и Џорџија, јавија светските агенции.

Националната метеоролошка служба соопшти дека е забележана штета од торнадо во најмалку 14 окрузи во Алабама и пет во Џорџија, а десетици илјади домови се без струја во двете држави.

Се предвидуваше дека температурите ќе се спуштат под нулата во текот на ноќта во тешко погодените области на двете држави, со повеќе од 30.000 домови и деловни објекти кои синоќа беа без електрична енергија.

Голема штета е предизвикана во градот Селма, во округот Аутауга, Алабама, каде што се проценува дека околу 40 домови биле оштетени или уништени од торнадото.

Неколку мобилни куќи беа разнесени од ветрот, а најмалку 12 лица се повредени доволно сериозно за да бидат пренесени во болниците со Брза помош, изјавија претставници на таа област.

Директорот за управување со вонредни состојби на округот, Ерни Багет, рече дека екипите сечеле соборени дрвја во четвртокот навечер за да бараат повеќе луѓе на кои им е потребна помош и дека посеопфатната слика за штетата ќе стане појасна како што ќе напредува потрагата.

Во Селма, градскиот совет се состана надвор за да прогласи вонредна состојба.

Гувернерот на Алабама, Кеј Ајви го посети градот и вети дека ќе побара од претседателот Џозеф Бајден да го забрза прогласувањето катастрофа за да може да стигне федералната поддршка.

Официјалните лица рекоа дека федералната помош е од витално значење за заедниците како Селма, каде што речиси 30 отсто од 18.000 жители на градот живеат во сиромаштија.

Во Џорџија властите објавија дека петгодишно дете загинало кога дрво паднало врз автомобил за време на невреме, додека родителот кој возел е тешко повреден.

На друго место, работник на Одделот за транспорт загинал додека ја проценувал штетата од невремето, соопшти гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, кој ги обиколи некои од најтешко погодените области со хеликоптер.

Во некои области, рече тој, спасувачките тимови морале да копаат за да ги ослободат преживеаните во урнатите куќи.

– Знаеме случаи кога луѓето биле заглавени во куќи кои буквално се срушиле, изјави Кемп.

Гувернерот рече дека невремето предизвикало штета низ целата држава, најмногу околу округот Труп во близина на границата Џорџија-Алабама, каде што биле погодени повеќе од 100 домови.

Најмалку 12 лица се згрижени во болница во округот Спалдинг, јужно од Атланта, каде метеоролошката служба го потврди ударот на најмалку две торнада.

Извор: МИА

Tags: преживеаниСАДспасувачиторнадо
Next Post

Зеленски: Продолжува тешката битка за Донбас

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk