ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска ќе иницира формирање оддел за „Баукултур“ во Министерството за култура

January 16, 2023 12:28
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на втората Конференција на министри за култура „Алијанса Баукултур“ истакна дека за неа „Баукултур“ е неопходност, а споделените искуства и заедничката акција се вистинскиот пат до добрите решенија, соопшти Министерството за култура.

– Во „Баукултур“ гледам силен мотив да иницирам формирање оддел за Баукултур во рамките на Министерството за култура и тоа да го реализираме во најкраток рок. Да биде оддел сѐ додека не изградиме култура на живеење која ќе биде задоволство да се живее, а не подвиг да се преживее – нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Министерката во дискусијата, која ја предводеше Алаин Берсет, претседател на Швајцарската Конфедерација, посочи дека излезот од економската криза и потрагата по евтина енергија има големо влијае врз културата на нашите животи, на културните навики, во промената и изгледот на нашите домови, но и на животната околина.

Во тој контекст министерката, како што се наведува во соопштението, додаде дека Владата, соочена со сите предизвици од почетокот на оваа декада, не само што се бори за да се надминат кризите со што поблаги последици и врз стандардот на граѓаните и за опстанок на компаниите, туку и финансиски ги поттикнува и ги охрабрува иновативните решенија за општо добро.

-Владата ги повикува на партнерство јавниот и приватниот сектор, заедно со граѓанскиот сектор да реализираат продуктивна и транспарентна соработка. За оваа година Владата издвои значителни средства за развивање на инфраструктурата, со должно внимание и кон инфраструктурата во руралните предели зашто здравите прехранбени продукти и здравата животна средина и за нас стануваат сѐ поголеми приоритети, еднакви на прашање за опстанок, рече Костадиновска-Стојчевска пред европските колеги во Давос.

Во рамките на оваа значајна конференција, министрите за култура на земјите членки и набљудувачи на Советот на Европа, меѓувладини организации, стручни и граѓански организации, како и лидери и експерти од областа на финансиите, недвижностите и градежништвото, дискутираат за влијанието на пазарот и на бизнисот врз обликувањето на висококвалитетна животна средина, со културата како составен дел.

Како што информира Министерството за култура, присутните претставници на министерствата, организациите, здруженијата и компаниите кои се учесници на Конференцијата се поканети, како основачки членки, да се приклучат на новоформираната „Aлијанса Баукултур“, која ќе биде основана на Конференцијата.

Во јануари 2018 година, на Првата министерска конференција во Давос, министрите за култура ја усвоија Декларацијата од Давос „Кон висококвалитетен Баукултур за Европа“, а во рамките на оваа, Втора министерска конференција, дополнително ќе бидат прецизирани општите цели на Декларацијата.

– Конференцијата оваа година се однесува на улогата на индустријата за градежништво и недвижнини, сметајќи го „Баукултур“ како општо добро. Конференцијата ги истражува можностите за подобра соработка меѓу властите, граѓанското општество и индустријата за градежништво и недвижнини преку иницирање континуирана размена и вмрежување, соопшти Министерството за култура.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БаукултурКостадиновска Стојчевска

НАЈНОВО

За туристите во Албанија ставени во функција 36 летни здравствени амбуланти

June 3, 2025

Објавени добитниците на грантови за граѓанските организации во рамки на Програмата на Министерството за односи меѓу заедниците

June 3, 2025
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат туторски пристап кон Албанците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УКИМ отпадна од листата 2.000 најдобри универзитети во светот според CWUR

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk