АД ЕСМ на 18.01.2023 година произведe 16.677 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти, информираат владините служби повикувајќи се на податоците од Диспечерски извештај на АД ЕСМ.
Оттаму прецизираат дека во Термоелектраните произведени се 13.821 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.856 MWh.