Широко користените антидепресиви предизвикуваат емоционално затапување, според истражувањето кое нуди нови сознанија за тоа како делуваат лековите и кои се нивните несакани ефекти.
Студијата покажа дека пријавените волонтери, почнале помалку да реагираат на позитивните и негативните повратни информации, откако три недели земале селективен лек за зголемувањето на нивото на серотонин.
„Затапувањето“ на негативните емоции би можело да биде дел од тоа како антидепресивите им помагаат на луѓето да се опорават од депресија, но исто така може да објасни и вообичаен несакан ефект.
„На некој начин, ова може делумно да биде како тие функционираат. Тие одземаат дел од емоционалната болка што ја чувствуваат луѓето кои доживуваат депресија, но за жал се чини дека одземаат и дел од уживањето“, рече професорката од Универзитетот во Кембриџ, Барбара Сахакијан.
Наодите би можеле да им помогнат на пациентите да се информираат и да направат подобар избор на лекови, рече таа и додаде дека нема сомнеж дека антидепресивите се корисни за многу пациенти.
Според NHS, повеќе од 8,3 милиони пациенти во Англија примиле антидепресив лек во 2021-2022 година.
Некои луѓе кои користеле антидепресиви велат дека чувствуваат емоционално порамнување и досада, при што една студија сугерира дека ова се однесува на 40-60% од луѓето што го земаат лекот. Сепак, не е јасно дали овој симптом е несакан ефект на лекот или симптом на депресија.
А.Р.