Американската актерка, Памела Андерсон, откри дека посакувала да ја убие својата бејбиситерка откако била малтретирана и силувана на своите осум години. Таа призна дека се обидела да ја убие својата бејбиситерка со бонбони, пред самата таа да загине во сообраќајна несреќа.
Андерсон сега има 55 години и работи на својот документарец, со извонредни откритија и детали за нејзиното трауматично детство, како и хаотичното достигнување на славата.
Памела вели дека го избегнала своето искушение, откако бејбиситерката починала во сообраќајна несреќа, нешто што младата Памела мислела дека го предизвикала откако и посакала да умре.
„Имав бејбиситерка и моите родители мислеа дека таа е одлична бејбиситерка бидејќи постојано носеше подароци, но таа ме малтретираше”, објаснила таа.
„Тоа беше три или четиригодишно малтретирање. Таа секогаш ми велеше да не им кажувам на моите родители. Се обидов да го заштитам брат ми од неа“, вели Андерсон.
„И реков дека сакам да умре, а потоа таа почина во сообраќајна несреќа следниот ден, па мислев дека ја убив со мојот магичен ум и не можев никому да кажам“, додава таа.
Памела вели дека тоа биле навистина трауматични моменти што морала да ги издржи во детството „
„Со тоа живеев целиот мој навистина млад живот“, вели Андерсон.