ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Платите во Министерство за Финансии од јануари се зголемени, направено е усогласување со УЈП и Царина

January 25, 2023 14:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на вработените во Министерството за финансии (МФ) е речиси преполовен. Раководители на сектори даваат откази, едноставно си одат. На друго место добиваат повеќе можности и подобри услови. Министерството за финансии беше и единствениот пример во целата државна администрација кое имаше пониска плата од органите во состав – УЈП и Царинската управа.

Вака ресорниот министер Фатмир Бесими го образложи зголемувањето на платите во МФ кое стартува од овој месец. Морало да се најде, рече, привремено решение се додека, од идната година, процесот не профункционира системски, на ниво на цела јавна администрација.

„Платите од јануари се зголемени, но тоа е од едноставна причина – додека во други институции имаше најави за штрајк и протести, во МФ тоа го немаше, но имаше голем одлив на кадар. Голем дел наоѓаа работа во други институции. МФ имаше 700 вработени, а сега се околу 400. Лани 40 луѓе го напуштија МФ надвор од тоа што беше планирано со пензионирањето. Огласите беа заради надвор од тоа во планот за човечки ресурси во буџетот на МФ, луѓето го напуштаат Министерството. Доаѓаат раководители на сектори, даваат отказ, едноставно си одат. Многу работа, на друго место добиваат можности за подобри услови. При огласи неа соодветни кадри што се пријавуваат. Мораме да обезбедиме човечки ресурси за да функционира институцијата. Ова решение е додека се заврши со двата закона на кои ние инсистираме системски да се решат овие работи“, рече Бесими.

Според него, ова е предвидено во буџетот и вклопено во однос на 4,6 проценти вкупен дефицит, како и во однос на тоа што значи фискална консолидација.

„Да го оставиме МФ без вработени, да немаме буџет воопшто, да не работи никој. Тоа ли е прашањето? Направено е усогласување со органите во состав. МФ е единствена институција каде вработените имаа пониска плата од УЈП и Царинската управа и тоа е решението. Тоа е во Законот каде што е ставено дека 30 отсто се во однос на платите од минатата година“, истакна Бесими.

Во однос на платите, додаде, се гледа тие да бидат во рамки на реализација на функциите, на побарување на услугите, но и согласно реформите во јавната администрација и организацијата на државните органи.

-Се прават напори да се оптимизира администрацијата од аспект на организациска поставеност на институциите и од аспект на бројот на вработени, а во исто време да се подобри квалитетот и да се зајакне капацитетот, нагласи министерот.

Tags: Министерството за финансииплатиФатмир Бесими
Next Post

(ФОТО) Османи и Спасовски на показна вежба на Специјалната единица „Тигар“ и Единицата К9

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk