ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Комисијата за прашања на изборите и именувањата реши да не утврди предлог за член на КСЗД

January 25, 2023 12:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Ангел Ангеловски

Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Поради истекот на рокот утврден во Законот за спречување и заштита од дискриминација, членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата констатираа дека оваа собраниска комисија нема да утврди предлог за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по одлуката за објавување јавен оглас за избор на нејзин член објавено во Службен весник на Република Северна Македонија бр.102/2021.

Марија Георгиевска, претседателка на Комисијата за прашања на изборите и именувањата информира дека документите доставени по овој оглас ќе бидат вратени на пријавените кандидати, а до Собранието ќе достави нова предлог одлука за објавување на јавен оглас, но сега, како што рече, заради констатирана оставка на член избран за период од три години, огласот ќе биде за два члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

– Членот 18 од Законот за спречување и заштита од дискриминација се однесува на постапката за избор на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Ставовите 1 и 2 го уредуваат објавувањето на огласот и неговото времетраење од 30 дена. Во ставот 3 на член 18 е наведено дека Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија утврдува предлог листа од пријавените кандидати по претходно спроведена јавна расправа и во рок од 14 дена по истекот на рокот од ставот 2 на овој член ја доставува до Собранието на Република Северна Македонија во прилог со материјал од сите доставени пријави и извештај за спроведената јавна расправа. Јавната расправа со пријавените кандидати, Комисијата ја спроведе на 26 јули 2021 година. Оваа 16.седница на Комисијата беше свикана исто така за 26 јули 2021 година, но истата беше одложена. Согласно членот 18 став 3 од Законот  за спречување и заштита од дискриминација поминат е рокот од 14 дена за доставување предлог до Собранието за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Поради ова, предлагам Комисијата да не утврдува предлог за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Службен весник на Република Северна Македонија бр.102/2021 година, изјави на почетокот на седницата претседателката на Комисијата Георгиевска во образложението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Законот за спречување и заштита од дискриминацијаКомисијата за прашања на изборите и именувањата

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: За земјите кои соработуваат со БРИКС ќе има дополнителни царини

July 7, 2025

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Монтевидео

July 7, 2025

Диди добил стоечки овации во затворот по поволните пресуди

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk