Американската академија за филмски уметности и науки во Лос Анџелес ги објави номинациите за престижната награда Оскар. Најмногу номинации има независниот научно-фантастичен филм „Everything Everywhere All At Once“ (11), а потоа следат германскиот антивоен спектакл „На запад ништо ново“ и „The Banshees of Inisherin“ на Мартин Мекдона со по девет номинации. Биографскиот филм за кралот на рокенролот „Елвис“ доби осум.номинација и автобиографската драма на Спилберг „The Fabelmans“ (Фејбелменови) со седум номинации.
Номинирани за најдобар филм:
– На Запад ништо ново (All Quiet On The Western Front)
– Аватар: Патот на водата (Avatar: The Way Of Water)
– The Banshees of Inisherin
– Елвис (Elvis)
– Everything Everywhere All At Once
– Фејбелменови (The Fabelmans)
– Тар
– Топ Ган: Маверик (Top Gun: Maverick)
– Триаголник на тагата (Triangle of Sadness)
– Жени зборуваат (Women Talking)
Најдобра режија:
– Мартин Мекдона (The Banshees of Inisherin)
– Даниел Кван и Даниел Шајнерт (Everything Everywhere All At Once)
– Стивен Спилберг (The Fabelmans)
– Тод Филд (Тар)
– Рубен Естлунд (Triangle of Sadness)
Најдобра главна женска улога:
– Кејт Бланшет (Тар)
– Ана де Армас (Blonde)
– Андреа Рајзборо (To Leslie)
– Мишел Вилијамс (The Fabelmans)
– Мишел Јео (Everything Everywhere All At Once)
Најдобра главна машка улога:
– Остин Батлер (Елвис)
– Колин Фарел (The Banshees of Inisherin)
– Брендан Фрејзер (The Whale)
– Пол Мескал (Aftersun)
– Бил Наји (Living)
Најдобра споредна женска улога:
– Анџела Басет (Ваканда засекогаш)
– Хонг Чо (The Whale)
– Кери Кондон (The Banshees of Inisherin)
– Џејми Ли Кертис (Everything Everywhere All At Once)
– Стефани Су (Everything Everywhere All At Once)
Најдобра споредна машка улога:
– Брендан Глисон (The Banshees of Inisherin)
– Брајан Тајри Хенри (Causeway)
– Џад Хиршер (The Fabelmans)
– Бери Кеган (The Banshees of Inisherin),
– Ке Хаи Кван (Everything Everywhere All At Once)
Најдобар странски филм:
– На Запад ништо ново (Германија)
– Аргентина, 1985 година (Аргентина)
– Close (Белгија)
– ЕО (Полска)
– An Cailín Ciúin/The Quiet Girl (Ирска)
Најдобар долгометражен анимиран филм:
– Пинокио на Гиљермо Дел Торо
– Marcel The Shell With Shoes On
– Мачорот во чизми: Последна желба (Puss In Boots: The Last Wish)
– The Sea Beast
– Turning Red
Свеченото доделување на наградите Оскар ќе се одржи годинава на 12 март, во 24 категории.