ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Детскиот литературен фестивал „Ракатки 2023“ распиша конкурс за најдобри литературни творби

January 26, 2023 19:28
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Фестивалскиот одбор на републичкиот детски литературен фестивал „Ракатки“ – Скопје, распишува конкурс за најдобри литературни творби на „Ракатки“ 2023.

Темата на годинашниот конкурс е „Чистата средина – мост до моето здравје“. Творбата треба да биде напишана на македонски литературен јазик во поетска или во куса прозна форма.

Учениците од другите националности, кои живеат во Македонија, творбата може да ја достават и на својот мајчин јазик, со превод на македонски литературен јазик.

Право на учество на конкурсот имаат учениците од четврто до деветто одделение.

Секое училиште може да учествува само со една творба, која треба да биде избрана како најдобра од одржаниот училиштен литературен конкурс или, пак, како избор од литературната секција на училиштето.
Менторите да настојуваат да не се избираат истите ученици што веќе учествувале на „Ракатки“, бидејќи оваа литературна манифестација има цел да им даде можност на голем број талентирани ученици да го презентираат својот литературен израз.

Творбата треба да биде напишана во ворд-документ, да не биде подолга од една страница и да ги содржи следниве општи податоци:
а) име и презиме на ученикот;
б) одделение, училиште и место;
в) име и презиме на менторот (број на телефон за контакт) и
г) фотографија (портрет) на ученикот.

Конкурсот е отворен од 24.1.2023 до 24.2.2023 година до 20 часот.

− Творбите што нема да ги исполнат пропишаните критериуми и кои ќе пристигнат на 24.2.2023 година по 20 часот, нема да се земат предвид за разгледување и вреднување.
− Творбата треба да биде испратена исклучиво од е-адресата на менторот по електронски пат на адресата: rakatki2020@gmail.com;

Во согласност со овој конкурс, комисијата (составена од писатели за деца и млади) од сите пристигнати творби ќе избере 30 најдобри со кои авторите ќе настапат на фестивалот „Ракатки“ 2023.
Одлуката на комисијата ќе биде објавена на 7.3.2023 година во додатокот за деца „Колибри“ на дневниот весник „Нова Македонија“.

Завршната манифестација на републичкиот детски литературен фестивал „Ракатки“ 2023 ќе се одржи во втората половина на мај или првата седмица во јуни 2023 година.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Наградата нема да му биде доделена на авторот ако не настапи на фестивалот со интерпретација на својата литературна творба.
Фестивалски одбор на „Ракатки 2023“

 

 

Tags: „Ракатки“детски литературен фестивалконкурс
Next Post

Министерство за финансии на САД ја означи групата Вагнер како „значајна транснационална криминална организација“

Shortcut

Најново

Амб. Лариса Дир - епископ Партениј

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk