ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Коко Фарм“: Секој да излезе на пазарот со свој производ по кој ќе биде препознатлив

January 26, 2023 14:24
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Семејната фарма „Коко Фарм“, лоцирана во штипското село Чардаклија одгледува пуштени кокошки. Ова е едно од првите одгледувалишта на кокошки во Македонија што пред 6 години се одлучила да ги одгледува на ваков алтернативен начин. Андреј од „Коко Фарм“ ја раскажува својата успешна приказна.

„Ние сме „Коко Фарм“ – семејна фарма за одгледување на пуштени кокошки во с. Чардаклија Штип. Со генерации сме поврзани со животните и научени сме да ги сакаме, почитуваме и да се грижиме за нив со особено внимание. Токму затоа ние бевме едни од првите одгледувалишта на кокошки во Македонија што пред 6 години се одлучи да ги одгледува на ваков алтернативен начин. Грижата и љубовта кон кокошките ја покажуваме преку почитување на нивната слобода, правилна исхрана без употреба на штетни супстанци, одлични услови за дневен престој на отворено, безбедна и топла фарма за спиење преку ноќ. За ова работиме, за ова се трудиме и за ова пропагираме хуман пристап во живинарството.“ вели Андреј.

Кокошките поголемиот дел од денот го поминуваат во огромниот двор.

„Нашето јато има просторна фарма во која ги поминува ноќите и во која може да се засолни доколку времето е ладно и огромен двор во кој го поминува поголемиот дел од денот.“

Освен што добиваат оброци од проверено локално производство, кокошките можат да јадат се што ќе најдат во земјата.

-Исклучително внимание посветуваме на исхраната на нашето јато. Житарките што се вклучени во секојдневните оброци се од проверено локално производство, а покрај нив, кокошките го имаат и луксузот да јадат се што ќе најдат во земја. Во нивниот двор има секогаш по некоја овошка или јатка што придонесува за уште поздрав производ.“

„Она што не позиционира пред останатите конкуренти е фактот што нашите јајца стигнуваат свежи до крајниот потрошувач. Секое јајце е рачно собрано, исчистено без никакви препарати, спакувано и доставено лично од нас.“, велат од Коко фарм.

Од фармата велат дека ќе продолжат да се борат за укинување на кафезното чување на кокошките.

„Ние работиме и ќе работиме на иницијативата за укинување на кафезното чување на кокошките, затоа што силно се бориме за правата на животните и нивната експлоатација. Пораката што сакам да ја упатам до младите фармери е секој да излезе на пазарот со свој производ по кој ќе бидат препознатливи, да ги следат и практикуваат современите трендови и алатки, да создадат една примамлива маркетинг приказна за својот производ бидејќи само така можат да бидат успешни во модерното време.

Извор: Агротим

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АндрејКоко ФармкокошкиЧардаклија

НАЈНОВО

Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Фото: МИА

Расправата за ребалансот продолжува утре

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk