ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

САД очекуваат брзо решение за стопираните разговори за влез на Шведска и Финска во НАТО

January 27, 2023 18:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Прекинатиот дијалог меѓу Анкара од една и Шведска и Финска од друга страна за влезот на овие две скандинавски земји во НАТО треба да продолжи и САД очекуваат брзо решение, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.  

Дијалогот е прекинат откако министерот за надворешни работи на Турцијa, Мевлет Чавошогу, вчера изјави дека е „бесмислено да се одржува трилатерален дијалог“ за влез на Шведска и Финска во НАТО по протестите овој месец во Стокхолм. 

-Силно го поддржуваме приемот на овие две земји во НАТО. Шведска и Финска имаат одлични, подготвени капцитети и ќе бидат значаен дел од Алијансата. Дијалогот со Турција треба да продолжи, изјави Кирби на денешнииот брифинг за новинарите. 

Тој додаде дека САД нема да се мешаат во тие разговори „но очекуваме брза разрешница за овие две нации да станат членки на НАТО. Нивното членство за нас е мошне значајно“.  

Кирби се осврна и на убиството на лидерот на Исламската држава Билал ал-Судани, вчера во акција на американските специјални сили. 

„Ова убиство ќе има големо влијание врз активностите на ИД не само во Африка туку и пошироко, а во тоа да се спречи планирање и извршување операции како  во Африка така и надвор од неа“, истакна Кирби. 

За САД, „ИД останува одржлива, постојана и сериозна закана, не само во северна Африка, рогот на Африка и на Блискиот исток туку и пошироко“.  

-Фокусирнаи сме на оваа закана, и мисијата со убиството на ал-Судани е доказ колку сериозно ја прифаќаме заканата од ИД“, рече тој.  

Во врска со извештаите дека Русија тајно купувала оружје од талибанците во Авганистан, а дел од тоа оружје е американско, Кирби рече дека нема потврда за такви извештаи. 

-Немам информација за тоа дали талибанците испраќаат или сакаат да испратат оружје за Русија. Точно е дека постојат системи и опрема во посед на Авганистанците и дека целата американска опрема останата по повлекувањето на американската војска „се само некои возила и опрема оставена околу аердромот во Кабул што не беше употреблива.“ 

Тој ги укори талибанците дека треба да ги почитуваат заложбите за одговорно владеење и реформи на државата, а по повлекувањето на војската на САД во август 2021 година. 

-Немам што да кажам за барањата од страна на Кијив за снабдување со Ф-16 авиони на Украина, а по добиената дипломатска битка да се снабди со модерни западни тенкови меѓу кои се и американските софистицирани „Амбрамс“.

Извор: МИА

Next Post

Премиерите Ковачевски и Донев остварија телефонски разговор за актуелните случувања во двете држави

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk