ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шолц: Не се заборавени страдањата на шест милиони убиени невини Евреи, ниту страдањата на преживеаните

January 27, 2023 13:17
in ДЕНЕС, СВЕТ

Германскиот канцелар Олаф Шолц потсети на историската одговорност на Германија за убиството на милиони Евреи за време на нацистичкиот режим, јави германската новинска агенција ДПА.

– Не се заборавени страдањата на шест милиони убиени невини Евреи, ниту страдањата на преживеаните, напиша Шолц денеска на Твитер по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.

Преживеаната од холокаустот Розет Кац денеска одржа говор во германскиот Парламент. Претседателот на Бундестагот, Бербел Бас го отвори специјалниот настан, на кој присуствуваше и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер. Овогодишната комеморација се фокусира на луѓето прогонувани од нацистите поради нивната сексуална ориентација или идентитет.

На 27 јануари 1945 година, војниците на Црвената армија ги ослободија преживеаните од концентрациониот логор Аушвиц во Полска, окупирана од нацистите. Во Аушвиц беа убиени повеќе од милион луѓе, од кои најголемиот број Евреи.

Датумот се одбележува во Германија од 1996 година како Ден на сеќавање на холокаустот, а венци се положуваат во знак на почит на многу локации низ земјата.

Пред пратениците се обрати и Клаус Шидерван, претставник на ЛГБТ заедницата.

Меѓународниот комитет на Аушвиц направи паралела со руската војна во Украина. Комитетот утрово соопшти дека оваа година преживеаните во германските концентрациони логори се соочуваат со нови ужаси и страдања, а Денот на сеќавањето е секогаш болен за нив. Ова, заедно со сеќавањето на нивните заклани семејства и преостанатите затвореници, е ужасот на новата војна во Европа.

Tags: ГерманијаЕвреиОлаф Шолц
Next Post

Договорите за „Отворен Балкан“ чекаат „милост“ на пратениците

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури

August 6, 2025

Специјалната болница за гинекологија „Мајка Тереза“-Чаир со нов ЕХО апарат за брза и прецизна дијагностика

August 6, 2025

Скендер Реџепи – кандидат за градоначалник на Скопје од Европскиот фронт

August 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен по успешна операција на д-р Венко Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казна за младите тиктокџии кои го ризикуваа животот за 1 минута слава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk