Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска оствари проштална средба со амбасадорот во заминување на Република Словенија во Република Северна Македонија, Милан Предан.
На средбата, вицепремиерот Битиќи изрази задоволство и благодарност од досегашната соработка, како и успешноста на билатералните односи помеѓу двете земји, како и за поддршката која Словенија и ја дава на нашата земја во евро-интеграциските процеси.
Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Предан на средбата заедно констатираа дека економската соработката меѓу Северна Македонија и Словенија се движи во позитивна насока и е на задоволително ниво, но дека во периодот кој следува ќе ја продолжиме работата кон максимално искористување на потенцијалите.
Амбасадорот Предан од негова страна изрази благодарност за приемот во Кабинетот на вицепремиерот и потенцираше дека имал успешна реализација на неговиот мандат во Република Северна Македонија.
На крајот амбасадорот изрази убедување дека Словенија како една од најблиските пријатели на Република Северна Македонија ќе продолжи да ја помага земјата на евроинтеграцискиот пат до станување на полноправна членка на ЕУ.