ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За културата

February 15, 2023 19:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Мојот став за културата не е бернхардски.

Мислам, не е толку радикален, но блиску сум до ставот дека културата може да се самопроизведе како култура само без плеткање на државата.

Јас не познавам современо позитивно искуство кое се темели на принципите на Бернхард, но знам искуства кои убедливо покажуваат дека интервенциите на државата во сферата на културата, со ретки исклучоци, произведуваат лоши резултати, на самата граница да (не)бидат почестени со статусот на културни производи.

Македонија е таков пример.

Лошите состојби во сите културни области не се должат на дистанцата на државата туку на нејзините интервенции.

Особено кога на проектите ќе им се залепи етикета дека се од национално значење.

Тоа е така глупаво.

Или дека културата на малите нации не може без државна помош.

Можеби, но со државна помош нацијата добива некоја генерика која нема моќ да ги задоволи или, уште помалку, да ги формира и издигнува културните потреби на луѓето.

Така се задржуваме на ниските нивоа, на ниските гранки на кои никогаш нема да се родат големи уметници или големи уметнички дела.

Државната пара го убива културниот импулс, културниот занес, маката, нека не звучи патетично, културата е тешка борба на уметникот со себе и со општеството. Културата не е пеачка на која државата ќе и тури некој денар во деколтето.

И сега што?

Слушам немало, односно немало доволно пари за Макфест, за Оффест, за Романот на годината и, веројатно, за многу други проекти.

Носителите на наведените проекти сметаат дека Министерството за култура не е во состојба да ги одреди вистинските вредности на нивната понуда, односно дека нема компетенции да води квалитетна културна политика.

Не знам дали има некои други аргументи, но ако се само овие, тогаш јас можам да кажам дека грешката на Министерството е во тоа што воопшто им доделило некакви средства. И во тоа што го ситни буџетот на илјадници фантомски, глупави или ирелевантни проекти. Од идиотски филмови “со национално значење”, до безвезни романчиња и поетски збирки. Во мојата строга селекција на приоритетите, кај што доминира финансирањето на преводите, овие манифестации би отпаднале и во подобри времиња. Макфест е побезначаен од група штипјани кои јадат пастрмајлии, пијат вино и пеат во некоја кафеана под Исарот. Романот на годината се претвори во опасен проект за шумите кои треба да се исечат за да се произведе хартија за македонската романескна продукција на боза, лимонада и шприцер од малина и лимон. За дваесет и кусур години прегледот на сиромашката комисија го поминале, можеби, илјада (1.000) романи. Јас сум еден од иницијаторите на тој проект, но тоа не ме хендикепира, туку ми дава за право да кажам дека Македонија просто нема материјал за таква награда ако под материјал не сметаме на пет-десет години да добиеме нешто релевантно во европски рамки. А- немаме. Оффест е интересен проект, во културна смисла е најрелевантен, затоа што придонесува за ширење на музичките хоризонти и за кревање на стандардите, но боже мој, и загрепски Ин мјузик годинава нема да се одржи.

Времињата се менуваат, некои можности се стеснуваат, да се надеваме дека тоа ќе го отвори просторот за нови идеи.

Нови форми.

Мојот генерален став е дека Македонија мора да влезе во генерална ревизија на културната политика и на културата воопшто.

Националниот момент не смее да го диктира културниот стандард туку, обратно, културниот стандард ќе ја дефинира нацијата.

Мораме да продуцираме вредности со кои ќе комуницираме со светот, а не да правиме самозадоволувачки паради.


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БернхардкултураМакфестОффест
Next Post

Спасовски: За ВМРО-ДПМНЕ е важно како да дојде на власт, а не како да се постигнат националните интереси

НАЈНОВО

Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

October 3, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

„Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

October 3, 2025

Шукова од Бутел: БРТ систем за навремен, безбеден и функционален јавен превоз

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел Фајфер: Да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk