ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Позната адвокатка за Латас: „Покушајот“ во Фиќо раскажан со доволно детали за да ја сфатиме неговата противправност

February 20, 2023 12:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

„Покушајот“ во Фиќо кој е повеќе оставен на нашата фантазија , но сепак раскажан со доволно детали за да ја сфатиме неговата противправност (шамари, замаглени стакла, спомнување повеќе мажи, еден татин син и буткање во ситуација “немајкаде”) сугерира дека покрај жртвата во Фиќото, и тој што “покушавал” е жртва на машката токсичност која на сите нас растени во скопските маала добро ни е позната, видена и слушната, пишува адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска преку својот фејсбук профил, како реакција на интервјуто на новинрот Драган Павловиќ Латас дадено за јутјуберот Стефан Лазаров.

„Како што такви случки оставаат недвосмислена траума за девојките, многу често оставаат долгорочни негативни последици и на младите момци кои се втурнати во ситуации да имаат секс со непозната жена откако друг имал секс со неа (да не дебатираме околу ова, замаглени стакла тоа значат) свесен дека е извесно дека добила шамари бидејќи тој така “имал однос”.

Во дадениот момент тоа 15годишно момче ниту има емотивна зрелост ниту капацитет да сфати дека тоа што го прави е погрешно и дека учествува и директно допринесува во уништување на нечија личност. Но, нема капацитет ниту да сфати дека тоа што му го прават е погрешно.

Проблемот е што тоа 15годишно момче досега не пораснало ни педа, па низ годините единствено создало механизми кои му помогнале само да ја прифати таа состојба како дадена, надвор од негова контрола, да не речам, нормална. Ниту за 40 -тина години подоцна не ја сфатил сопствената одговорност, неговата психа не креирала емпатија (погрдно ја нарекува сиротиња) и едноставно прифатил дека “тоа така се правеше” сака да рече “така ние прв пат имавме секс”, бидејќи прашањето е “Дали е точно дека првата не се заборава?”.

Највпечатливата реченица во Анатомија на еден скандал е “Boys will be boys”, кажана од мајката на обвинетиот за силување или на нашки “абе, машка работа”, изрека креирана за да го збере целото оправдување на светот за не-дела кои потекнуваат од лошо произведената “машкост”.

Тоа е поразувачкото, што возрасниот со чаламење уште раскажува за тинејџерско доживување кое, иако можеби разбирливо дека не било осудено поради општествениот контекст и време во кое се одвивало, во 2023, после сите обиди за едукација, развивање свесност и одговорност, се раскажува без трошка порака за забранетост.

Оној грев од водител пак, како колбас или виршла мешан производ од бљувотините на модерното време има искрена реакција на смеење на приказната поради пиететот што го има кон гостинот-фраер. Но, тука поразувачкото е во тоа што тој исто така не ја препознава својата одговорност и улога пост-фестум, , па наместо да се консултира и да се извини, дава соопштенија од типот “јас не мразам жени, еве имам мајка, сестра, баба”, (за неписменоста и следоредот во реченицата, подмет, прирок, придавки и сл., во друга прилика).

За да не биде се’ црно, нека овој настан биде повод за тематски разговори на училишта, пример кој ќе се користи за да се објаснат некои работи на правилен начин, нека биде повод за разговор меѓу татковци и синови, пред се’.

Кога веќе главните протагонисти ја пропуштија златната шанса за општествено одговорни одговори на прозивањата“, истакнува таа.

Tags: ЛатасСтефан ЛазаровСузана Јошевска-Анастасовска
Next Post

Закана за бомба и на Меѓународниот аеродром „Скопје“

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk