ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ССК: Аптеките да не трпат финансиски последици од хакерскиот напад на ФЗО

February 20, 2023 15:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Во насока на обезбедување на континуирана здравствена заштита сите аптеките во нашата земја обезбедија непречено издавање на лекови иако во периодот од 05.02.2023 година се работеше со невалидни податоци за осигурување поради онеспособувањето на електронскиот систем на Фондот за здравствено осигурување. Трите најрелевантните фармацевски здруженија, Фармацевската комора, Здружението на приватни аптеки и Комората за приватно здравство при Сојузот на стопански комори на Македонија изразуваат разбирање за состојбата во која се најде здравствениот систем, а која можеше дополнително да ескалира доколку беше стопирано и издавањето на лекови.

Здруженијата по одржан состанок, до Фондот за здравствено осигурување упатија барање да нема одбивање, односно непризнавање на рецепти за издадени лекови доколку дополнително се утврди дека во периодот после 05.02.2023година до целосно враќање на системот во функција, во некои промени се изгуби основот за осигурувањето, бидејќи системот не ја обезбедуваше таа информација. Потенцираме и дека од моментот на паѓање на системот до 14.02.2023 година, немаше никакви насоки за постапување, односно за издавање на рецепти, а кога ги добивме упатствата беа неприменливи, бидејќи се бараше проверката на осигурувањето да се прави преку допис по електронска пошта од аптеката до ФЗО, кој потоа информација ќе бара од Управата за јавни приходи и кога ќе ја добие ќе ја врати назад. Во упатствата од ФЗО се предвидува рецептите да се издаваат комерцијално, доколку не може да се провери осигурувањето, а пациентите потоа да ги рефундираат парите што е невозможно бидејќи аптеката за тоа треба да издаде потврда за дефицитарност што не беше случај.

Фондот исто така неколку пати преку соопштение јавно истакнуваше дека треба да продолжи непреченото издавање на лекови на рецепт и во услови кога податоците за осигурениците не се апдејтираат.

Имајќи во предвид дека аптеките покажаа разбирање за сериозноста и драматичноста на состојбата во која се најде Фондот и одговорија на ниво на својата задача излегувајќи во пресрет на потребите на пациентите, очекуваме дека и ФЗО нема да ги одбие рецептите бидејќи тие се издадени од матичните лекари, односно нивно стручно мислење. Во спротивно може да се најдеме во ситуација осигурениците да не можат да го подигнат потребниот лек, стои во воопштението на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Tags: АптекиССКФЗОРСМ
Next Post

Ѓоковиќ 377 недели на врвот на АТП, го израмни рекордот на Граф

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk