ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прикажани на платно придобивките на социјалните претпријатија

February 22, 2023 11:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, СОЦИЈАЛА

Одржана промоцијата на документарниот филм „Посеана надеж” кој што е изработен преку проектот „Поддршка на социјалните претпријатија” на Министерството за труд и социјална политика, имплементиран од Ептиса со поддршката на Европската Унија. Филмот е во режија на Костадин Анастасов, а кинематографијата е на Фејми Даут. Во документарниот филм се прикажани 15 социјални претпријатија. Премиерата со воведни обраќања ја отворија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Амбасадорот на делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир и тим лидерката на проектот Барбара Садовска.

„Филмот кој ќе имаме прилика да го видиме ќе ни ги претстави хероите меѓу нас кои и во најтешки ситуации се придвижуваат напред, со верба и надеж кон светла иднина. Филмот кој ќе го гледаме денеска повторно ќе не потсети колку е моќно солидарното општество, ќе не потсети дека само такво општество може да биде напредно и демократско” истакна Тренчевска во своето обраќање.

Таа истакна дека социјалните претпријатија кои се прикажани во филмот се животни приказни на граѓаните во државата. Министерката посочи надежта и искрените намери се пресликани во 15 примери на социјални претпријатија кои прават суштински и реални промени во животот на луѓето.

Амбасадорот на делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир во своето обраќање информира дека во Европската Унија 13 милиони вработувања се должат на социјалните претпријатија и истакна дека тие придонесуваат за социјална кохезија, вработувања и намалување на нееднаквоста во Европа.

Премиерата ја проследија и претставниците кои беа дел од филмот како и инвеститори кои се заинтересирани за поддршка на социјалните претпријатија.

Tags: „Посеана надеж"МТСПТренчевска
Next Post

Уапсен и вториот напаѓач на Пендиков

НАЈНОВО

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

СДСМ: Скандалот во МВР со испитниот центар мириса на корупција

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk