Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,17 метри надморска височина, што e за 24 сантиметри пониско од просекот за февруари или седум сантиметри над дозволениот минимум зацртан на котата 693,10 метри надморска височина.
Долготрајниот сушен период без врнежи дополнително ја усложнува ситуацијата со намалувањето на издашноста на изворите и на дотокот вода од притоките од езерскиот слив.
Температурта на водата е 6 степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 6,5 степени.