ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ослободете го Мијалков, ако немате срам, па да го архивираме совршениот злочин

February 27, 2023 11:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Денеска продолжува судењето на Сашо Мијалков за масовното прислушување, а некои оптимисти велат дека има шанса делото да застари, што значи дека има шанса Сашо Мијалков да направи „соврешен злочин“. Што е тоа совршен злочин, некој ќе праша. Совршен злочин е, драги читатели, оној злочин што не е препознат како злочин, оној што е легализиран, оној што е составен дел од општеството, традицијата, цивилизацијата, политика, оној злочин, на кој почива секоја држава која нема да се соочи со сопствените злосторници.

Знаете што, јас живеам на Балканот, сосема е возможно да не разбирам како функционира правната држава, таквите луѓе на Балканот живеат во убедување дека „сите се еднакви пред законот“ и дека „правда ќе има за сите“. Добро, до тука, јасно ми е. Ама еве што, всушност, не ми е јасно.

Под веста за судењето на Сашо Мијалков стојат коментари од типот: „Зошто го мрцварите, пуштете го, има многу поургентни работи, отколку да расправаме што се случило во минатото“.

Наш човек нема проблем со масовно прислушување, со загрозување на човековите права, нема проблем ниту со тиранијата на „десницата“. Нашиот човек самиот бара диктатори и пљачкаши на власт, а ако не ги бара, тогаш многу полесно ги поднесува од оние кои инсистираат на слобода, правда, еднаквост. Е, тоа не ми е јасно. Не ми е јасно како е возможно да ги браниш најлошите, а „најдобрите“, оние кои те вадат од сиромаштија, оние кои те вадат од анонимност, оние кои ти решаваат децениски горливи прашања, со леснотија да ги отфрлаш?

Прислушувањето на Сашо Мијалков не беше никаков изолиран случај, не беше никакво исклизнување од матрицата според која ќе продолжеше граѓанската војна. Прислушувањето беше грижливо, планирано и злосторнично делување. А ние кои бевме прислушувани сме што, некои злосторници? Ние кои марширавме, зборувавме критички, пишувавме за репресивниот апарат на Мијалков и Груевски значи дека бевме злосторници? Оние граѓани, пак, кои денес пишуваат коментари на Фејсбук дека „Сашо Мијалков треба да се ослободи“, тие луѓе – немам сомнеж – ја повторуваат пропагандната матрица. Се работи за следното: додека му се суди на злосторникот, ние ќе лажеме дека немало прислушување за да го легитимираме злосторството. Бидејќи знаеме дека злосторството е направено, ние ќе лажеме дека прислушувањето се случило за да може полесно да ја браниме својата невиност, тврдејќи дека во злосторството не само што не учествувавме, туку за него не сме знаеле.

Меѓутоа, како што реков погоре – сите знаеја дека Мијалков С. масовно прислушува.

Нашите „православни“, цела една декада палеа, пљачкаа и прислушуваа. И на крајот – „православните“ ги корупмпираа. Со огромни количини на пари. Во пркос на страшното сиромашење на граѓанството, голем временски период Груевски и Мијалков владееја без социјални немири. Затоа општото граѓанство молчеше како муза, додека надвор топовите маршираа. Затоа што граѓаните на Македонија одлично знаеја дека само со трпење и премолчување ја извршуваат таканаречената „патриотска должност“, па се спогодија да платат и со молчење на злосторството кое не смееше да се премолчи.

Да заклучиме: луѓето кои носат „патриотски обележја“ и коментираат на фејсбук „Сашо Мијалков треба да се ослободи“, тоа не го прават затоа што не знаат дека се изврши масовно прислушување, гигантска пљачка и апсолутна диктатура, туку баш затоа што за тоа се совршено свесни. Луѓето кои денес ја експлоатираат груевистичката идеологија не го прават тоа затоа што не се свесни за груевистичкиот злостор – туку баш затоа што се свесни. Луѓето кои денес го негираат и релативизираат груевистичкиот терор, не го прават тоа затоа што не знаат што во оваа земја се случуваше – туку го прават затоа што знаат што се случуваше.

Да ја повториме онаа вековна мудрост на Карл Јасперс: „Не постои колективна вина. Ниту еден човек заради своето припаѓање на еден народ не е виновен за злосторствата кои припадниците на неговиот народ ги направиле. Тогаш, пак, кога ќе се впуштиш во релативизација или негирање на тие злосторства, тој, ‘обичниот човек’, своеволно и при чиста свест, станува соучесник во нив“.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: прислушувањеСашо Мијалков

НАЈНОВО

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, од утре увид на одбраната во доказите

May 30, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Регионална конференција за медиуми во Сараево: Новинарството и вештачката интелигенција

May 29, 2025

„Њујорк тајмс“ постигна договор со „Амазон“ за обука на вештачка интелигенција

May 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Аце Циганот“ по 27 години бегство се враќа во Шутка, му се отвара ли патот и на Груевски за да слета во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓубре исфрлено пред Град Скопје, Арсовска до Ганиу – никој не ти се плаши сè ќе објавиме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до ЈО: Имаме информација дека за фалсификатите и дивоградбите во Општина Чаир активно се уништуваат докази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две фирми за фустани треба да опремат со униформи специјални единици на МВР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk