Во првиот месец од годинава, бројот на посети на странски државјани на Бугарија е 711.000 или за 60% повеќе во однос на јануари 2022 година, а зголемувањето е забележано за сите анализирани сектори. Транзитните премини низ земјава се 35% (252 илјади) од сите посети на странци во Бугарија, пренесе „Инвестор“.
Бугарија во јануари 2023 година најмногу ја посетиле граѓани на: Турција – 148 илјади, Романија – 117 илјади, Грција – 102 илјади, Република Северна Македонија – 51 илјади, Украина – 49 илјади, Србија – 43 илјади.
Во првиот месец од годинава преовладува учеството на посетите со други намени – 51%, потоа следат посетите за одмор и екскурзии – 35%, а за бизнис цели – 14%.