Тоа што нема бел и полубел леб на полиците во маркетите значи дека сите ја почитуваме одлуката донесена во понеделникот на состанокот во Стопанската комора, изјавија претставници од пекарската индустрија.
Според нив, засега промена на ваквата одлука нема.
Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат е на терен и врши интензивни контроли – дали се почитува владината одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, донесена вчера.
-Пекарите едноставно си ја почитуваат одлуката. Одлуката е донесена во понеделникот и промена на одлуката засега нема. Уште еднаш ќе повторам, тоа што нема леб на полиците во маркетите значи дека пекарите си ја почитуваат одлуката, истакна за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.