Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари билатерална средба со министерот за економија и одржлив Развој на Хрватска, Давор Филиповиќ во рамки на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) кој што се одржува во Загреб.
На состанокот присуствуваа и генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски и генералниот директор на НОМА Гас Бајрам Реџепи.
На средбата министрите разговараа за билатералната соработка помеѓу двете земји и можноста истата да се зголеми во иднина. Тема на разговор беа и мерките кои ги превземаат двете земји во справување со енергетската и ценовната криза со која што се соочува целиот европски континент, како и за инвестиции во обновливи извори на енергија.
Министерот Бектеши кажа дека во процесот на трансформација на енергетскиот систем во Северна Македонија кој се случува во моментов, Хрватска ја гледаме како земја од која може да ги користиме искуствата во делот на складирање на електрична енергија од обновливи извори на енергија, од Законот за инфраструктура за зелена енергија како и искуствата кои ги имаат во делот на воспоставување на Фонд за енергетска ефикасност и одржлив развој.
Бектеши истакна дека во реформскиот процес во Северна Македонија честопати се земени предвид позитивните примери и реформи во Хрватска, кои се покажале како успешни и се воспоставени многу соработки со Хрватска.