ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Карпошани предлагаат проекти за унапредување на локалната заедница

March 2, 2023 09:36
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, ОПШТЕСТВО

Во организација на Општина Карпош, во партнерство и со финансиска поддршка на Швајцарската влада (преку Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC), Министерството за локална самоуправа на РСМ и Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП, вчеравечер во ООУ „Лазо Трповски“ се одржа првата форумска сесија од „Проектниот Форум во заедницата“. Станува збор за заедничка иницијатива која треба на транспарентен и инклузивен начин да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, при што би се подобрил партнерскиот однос помеѓу локалните субјекти, во поглед на изнаоѓање на поефикасни решенија за проблемите, кои пак се во интерес на целата заедница.

Имено, во рамки на проектот „Форуми во заедницата“ жителите на општина Карпош даваа предлози кои треба да бидат имплементирани во вид на проекти, за кои самите ќе одлучат кои се приоритетите за развој на нивната локална самоуправа и кои активности може да се спроведат во таа насока. На вчерашната средба, мнозинството присутни граѓани ја избраа темата „образование, спорт и млади“ на која ќе даваат конкретни предлози, за кои ќе се расправа и одлучува на наредните форумски сесии. Проектите ќе се финансираат преку планиран буџет од 50.000 долари од кои 20% ќе ги обезбеди Општина Карпош. Со овие средства треба да се реализираат најмалку еден, но најмногу три приоритетни проекти.

Притоа, целиот форумскиот процес ќе се одвива во текот на оваа година низ циклус од пет сесии и истиот ќе се спроведе по следниов распоред:

I – форумска сесија (среда – 01.03.2023)
II – форумска сесија (среда – 15.03.2023)
III – форумска сесија (среда – 05.04.2023)
IV- форумска сесија (среда – 19.04.2023)
V – форумска сесија (среда – декември 2023).

Процесот е отворен за сите жители на општина Карпош во кој тие ќе одлучуваат за изборот на темата, проектните идеи, како и предлог проектите кои во секој случај ќе бидат земени в предвид и во понатамошните општински активности. Инаку „Проектниот Форум во заедницата“ е компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој директно ги инволвира граѓаните на Карпош и на тој начин ги мотивира да учествуваат при носење на заеднички одлуки во соработка со локалната самоуправа.

Tags: граѓаниКарпошПроекти
Next Post

Хуркач пред мечот со Ѓоковиќ: Ќе биде голем предизвик

НАЈНОВО

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

Мицкоски за случајот Кочани: Се воздржувам да коментирам, оставам на обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата

August 20, 2025

Синдикалната минимална кошница за август 65.507 денари

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk