„Нема да дозволиме никој да профитира на грбот на народот и да го осиромашува. СДСМ е тука за граѓаните, го штити стандардот и никој не е оставен сам во време на криза. Одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубел леб од 450 грама на најмногу 33 денари е оправдана, фер и во интерес на граѓаните“, вели денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Според неа, имајќи ја предвид помошта од државата во вид на драстично намалена цена на електричната енергија за пекарниците што досега ја добиваа, цените на природен гас, на нафта, пченица и брашно.
33 денари за еден леб, додава, е цената која е фер кон граѓаните, но и која носи профит кај пекарниците.