ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски додели 32 договори за концесии за користење на дивечот во ловиштата

March 2, 2023 15:36
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во државното ловиште „Фазанерија” свечено ги додели договорите за концесии за користење на дивечот во ловиштата.

Минатата година беше објавен јавен повик за доделување концесија за користење на дивечот и ловиштата во 9 ловни реони во државава во кои има 43 ловишта. По завршување на постапката, склучени се 32 договори за концесии за 32 ловишта од целата територија на државава. Денеска беа доделени договорите за ловиштата во ловните реони Скопје, Свети Николе, Кавадарци, Валандово, Гевгелија, Кочани, Виница, Делчево, Гостивар, Демир Хисар, Битола, Охрид, Ресен и Кичево.

„Со ова ние ја исполнуваме нашата законска обврска согласно Законот за ловството. Сега следува вие да ги исполните вашите обврски, со фокус на формирање и трајно одржување стабилни популации дивеч, со оптимална полова и возрасна структура за континуирана репродукција на здрави и квалитетни единки, со високи трофејни вредности. Вашата улога е огромна во зачувувањето и грижата за дивечот, преку редовни активности и почитување на обврските кои произлегуваат од договорот” изјави министерот Николовски.

Ловството е значајна стопанска дејност на која и даваме големо значење, со посебен акцент на улогата на ловците за благосостојбата на дивечот во ловиштата и за заштитата на природата. Со доделувањето на концесиите, започнува процесот на континуирана грижа за состојбите во ловиштата.

Министерот Николовски најави дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе организира советување со сите концесионери за состојбата во ловиштата од досегашното стопанисување, со цел унапредување на соработката и подобрување на состојбите во секторот.

Tags: ДивечконцесииЛовиштаНиколовски
Next Post

Нов оглас за избор на четворица јавни обвинители ОЈО ГОКК

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk