Претседателот на Регулаторна комисија (РКЕ) Марко Бислимовски на денешната прес-конференција укажа дека 64 проценти од водата се губи по пат од системите до крајните корисници и оцени дека комуналните претпријатија треба са ги зголемат инвестициите пред се за намалување на процентот на загуби.
-На државно ниво имаме сериозен проблем, тоа е 64 проценти и е сериозен проблем да бидам искрен, тоа значи вие да набавите 100 единици вода, по пат да изгубите 64, а до потрошувачите да дојдат 36, рече Бислимовски на прес-конференцијата за одлуката на РКЕ да предложи нови максимални и минимални тарифи з цената на водата.
Тој порача дека комуналните претпријатија треба да ги зголемат пред се инвестиците за намалување на процентот на загубите.
-Верувам дека сите овие барања коишто ги поднесуваат комуналните претпријатија ќе придонесат овие комунални претпријатија да ги зголемат пред се инвестициите за намалување на процентот на загуби со што сите ќе добијат подобар квалитет на услугата. Македонија е релативно богата земја во однос на вода, има голем број на општини коишто имаат свои извори, значи природна вода, во најголем дел без прочистување како што се прави во други градови, но без политизирање на овие цени да го продолжиме процесот, да разбереме дека инвестициите во намалувањето на загубите е во бенефит на сите граѓани во државата, бидејќи според мене 64 проценти е нешто навистина многу и мислам дека имаме некој тренд на намалување од првите одлуки коишто ги имаме донесено во 2016 и 2017 година. Значи, тогаш биле и повисоки. Да се надеваме сите кои работиме со оваа проблематика да влијаеме на намалување на загубите на електрична енергија, истакна Беслимовски.