Двајца американски астронаути, еден руски космонаут и еден од Обединетите Арапски Емирати тргнаа на пат кон Меѓународната вселенска станица (ISS), јави ДПА.
Четиричлениот екипаж кон Меѓународната вселенска станица беше лансиран во 12:34 часот по локално време од вселенскиот центар на НАСА – „Кенеди“, во Флорида.
Астронаутите се наоѓаат во леталото „Сrew Dragon“ од приватната вселенска компанија на Илон Маск, „SpaceX“.
Во екипажот на„SpaceX“ се американските астронаути се Стивен Бовен и Ворен Хобург, Русинот Андреј Федјаев и Султан ал Нијади, од Обединетите Арапски Емирати.
Се очекува екипажот на Меѓународната вселенска станица да пристигне утре и таму да остане околу шест месеци, пренесе ДПА