ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски со Бектеши во скопски маркет, проверуваат дали се продава лебот по замрзнати цени

March 3, 2023 14:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски денеска беа во посета на еден од маркетите во Скопје, со цел да се види состојбата на терен со продажбата на лебот со замрзната цена.

Премиерот Ковачевски посочи дека со новата владина одлука пекарите и трговците се обврзуваат да го произведуваат и испорачуваат белиот и полубел леб од 33 денари, бидејќи граѓаните мора да ги имаат основните производи.

„Државниот пазарен инспекторат утврди сериозни пореметувања на домашниот пазар во Скопје и Тетово, поради недостаток на бел и полубел леб, за кој Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, која стапи на сила на 28 февруари 2023 година. Поради ваквата состојба и токму водени од потребите на граѓаните, Владата донесе одлуки со цел нормализирање на пазарот и излегување во пресрет на потребите на нашите граѓани. Трговците на мало кои продаваат леб, имаат обврска во дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80% од лебот со замрзнатата цена. Додека, трговците кои се занимаваат со производство, имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет, белиот и полубелиот леб, во количина од најмалку 80% од производството на овој леб во месец декември 2022 година. Исто така, Владата одлучи дека трговците, за испорачаниот леб, на производителот на лебот треба да му платат најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на фактурата за испорачаниот леб”, рече премиерот Ковачевски додавајќи дека со овие мерки се штити стандардот на граѓаните. Ковачевски посочи дека двата пакети антикризни мерки во 2022 година, кои изнесуваа над 760 милиони евра, беа наменети и за граѓаните и за компаниите.

Tags: Ковачевскилеб
Next Post
Цивили се кријат од руските ракети во метрото во Харкив

(ФОТО) Украинската амбасадорка Дир го демантира рускиот амбасадор: Лага е дека Русија не е во војна со народот на Украина

НАЈНОВО

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk