Дуелот на двата најтрофејни клуба на Островот заврши со нереален резултат 7:0!
Првата голема прилика избраниците на Јирген Клоп ја создадоа во 23. минута, Енди Робертсон нафрли од левата страна, а Лисандро Мартинез успешно интервенираше пред Дарвин Нуњез и ја избрка топката во корнер.
Три минути подоцна, Бруно Фернандеш одговори со глава, но топката помина само покрај голот на Алисон. Една минута потоа добра шанса имаше и Маркус Рашфорд, кој не ја фати топката како што сакаше и голманот на Ливерпул лесно ја сопре.
Во 42. минута голот на Јунајтед беше оправдано поништен бидејќи Касемиро беше јасно во офсајд. А потоа само една минута подоцна домашните поведоа: Робертсон брилијантно проигра покрај Коди Гакпо, Холанѓанецот се ослободи од ривалот, се намести и го погоди аголот од голот на Де Хеа – 1:0!
Со таков резултат заврши првото полувреме.
Во второто полувреме рапсодија на фудбалерите во црвени дресови!
Не поминааа ни две минути, нов гол за Ливерпул: Салах и младиот Харви Елиот заедно, вториот ја смести топката во шеснаесетникот на Јунајтед каде Дарвин Нуњез ја внесе во мрежата. Вкупно 13-ти гол во сезоната за Уругваецот, седми во Премиер лигата.
Само три минути подоцна семафорот гласеше 3:0: се почна од Гакпо, го најде Салах на крило, ја следеше акцијата на Египќанецот и вторпат на мечот го чекираше Давид Де Хеа од не лесна позиција. Ентузијастичка ерупција на Коп!
Од тој момент, играта целосно се отвори: Робертсон и Конате пропуштија одлични можности да го зголемат водството на Ливерпул, додека Бруно Фернандеш за малку ќе ја казни грешката на голманот Алисон.
А потоа во 66. минута – 4:0 за Ливерпул: тоа беше уште една контра на црвените, топката двапати го погоди Мектоминај пред да стигне до Мохамед Салах, кој едноставно ја заби во мрежата на Јунајтед. Негов 128. гол за Ливерпул во Премиер лигата, со што се израмни со легендарниот голгетер Роби Фаулер на листата на најдобри стрелци на клубот.
Во 73. минута Рашфорд можеше да го ублажи поразот на Јунајтед, го заокружи Алисон, но отиде предалеку и ја погоди само надворешната страна од стативата.
Две минути подоцна „петарда“ во мрежата на Давид Де Хеа: Нов гол на Дарвин Нуњезго постигне својот втор гол на натпреварот, исто како и Мо Салах во 83. минута за 6:0. Тој сега е најдобар стрелец на клубот во Премиер лигата откако го престигна Фаулер.
Конечните и нереални 7:0 ги постигна Боби Фирмино, кој неколку минути порано влезе во игра со овации од трибините, откако ден претходно беше објавено дека по осум години ги напушта црвените на крајот од сезоната!
Со оваа победа Ливерпул заостанува само три бода зад четвртопласираниот Тотенхем со одигран натпревар помалку.
Во следното коло избраниците на Јирген Клоп гостуваат кај Бурнмаут, додека тимот на Ерик Тен Хаг го пречекува Саутемптон.
Извор: Спорт Клуб