ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: На прагот сме на формирање Секретаријат за родова еднаквост

March 5, 2023 17:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска на осмомартовскиот марш во Прилеп кажа дека за разлика од другите, жените од СДСМ подеднакво партиципираат и во извршната власт.

-Донесовме бројни закони со кои суштински ја унапредивме и афирмиравме положбата на жената во општеството. Ќе спомнам само неколку: Закон за еднакви можности на жените и мажите, Закон за заштита и спречување од дискриминација, закон за заштита и спречување на дискриминацијата, Закон за прекинување на бременоста, Кривичниот законик, Закон за обештетување на жртвите на насилство и многу други закони донесени во време кога СДСМ е на власт, кажа Тренчевска.

Таа додаде дека покрај веќе донесените закони, во овој период се финализира и текстот на новиот Закон за родова еднаквост со кој ќе се воспостави механизам кој гарантира унапредување на положбата на жената.

-На прагот сме на воспоставување на Секретаријат за родова еднаквост со кој се етаблира институционалната рамка за родова еднаквост. Изминатиот период, почитувани другарки и другари отворивме бројни табу теми, како што се семејно насилство, родово базирано насилство, говор на омраза, и понудивме систем на превенција и заштита на жртвите. По 7 години чекање од потпишувањето на Истанбулската конвенција, со доагањето на СДСМ на власт веднаш пристапивме кон ратификација на истата, со која јасно покажавме дека сме спремни да се справиме со сите предизвици кога станува збор за насилството врз жените. Како резултат на посветеноста на државата кон исполнување на обврските од ИК, само пред неколку недели беа донесени измените на Кривичниот законик со кои се воведоа нови кривични дела како што се насилство врз жени, демнење, сексуално насилство, каде предмет на заштита е токму жената, кажа Тренчевска.

За првпат обезбедивме надоместок за породилно отсуство за земјоделките

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска кажа дека со зголемувањето на минималната плата за два и пол пати најголем бенефит имаат жените во текстилната и кожарската индустрија.

-За жените земјоделки за првпат во историјата на државата обезбедивме надоместок за мајчинство односно породилно отсуство. Изградивме близу 80 градинки, за да можат и децата да се вклучат во предучилишното образование но и мајките да се вклучат на пазарот на труд. Евидентни се резултатите од политиките за економско јакнење на жените, што е основен предуслов за еднакви и моќни жени кои се двигателот на промените во општеството, кажа Тренчевска.

Според неа сите овие достигнувања немало да бидат реализирани без целосната поддршка од сопартијците.

-Бројни се достигнувањата, но мора да бидеме искрени и да си признаеме дека во некои области не ги постигнавме зацртаните цели. Евидентно е слабото учество на жените како кандидатки за градоналнички, односно имаме само една жена избрана градоначалничка од нашите редови. Недоволен е бројот и на жени претседателки на ОО. Недоволен е бројот на жени менаџерки. И понатаму медумското претставување на жените е полно со стереотипи и предрасуди поврзани со родовите улоги. И понатаму жените се најчесто жртви на говор на омраза. Женската солидарност се уште не е на посакуваното ниво. И токму ова се нашите предизвици за следно дејствување. Спремни сме, заедно и посветено како и досега предизвиците да ги претвориме во успешни резултати. Мора да бидеме гласни и да продолжиме храбро како и досега за да успееме да ги постигнеме поставените цели. Затоа што постигнувањето на вистинска родова еднаквост ќе значи дека сме успеале да изградиме вистински демократско општество, кажа Тренчевска.

 

Tags: предрасудиродова еднаквостродови улогистереотипиТренчевскаФорум на жени на СДСМ
Next Post

Унијата за Медитеранот предупредува дека се повеќе се зголемува нивото на морето

EVN

НАЈНОВО

Фото ССМ

Голем работнички протест на ССМ: „Кога Владата и газдите не слушаат, работниците ќе зборуваат на улица“

March 14, 2026

Мицкоски: Кочани е место на огромна трагедија и ненадомеслива загуба, но и лекција за иднината

March 14, 2026
Фото: Скриншот

Ден 15 од војната со Иран: Американски удари врз Харг – островот што носи 90% од иранскиот нафтен извоз

March 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

    Викенд хороскоп со Анаис – 14 и 15 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем работнички протест на ССМ: „Кога Владата и газдите не слушаат, работниците ќе зборуваат на улица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првата порака на новиот ирански лидер Моџтаба Хамнеи отвори големо прашање: Кој навистина ја води земјата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk