ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Пенов: Преку проекти вредни над 80 милиони денари се подобрува животот на жителите во и околината на Куманово

March 6, 2023 14:34
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интензивно се работи на седум проекти во Куманово со буџети над 80 милиони денари наменети за подобар живот на кумановчани, беше заклучокот на министерот за локална самоуправа од денешната средба со градоначалникот Максим Димитриевски.

Министерот за локална самоуправа и градоначалникот денеска ги потпишаа договорите за проектите преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, кои имаат за цел одржлив туризам и подобрување на конкурентноста на туристичката понуда на регионот. Проектите „Соработка во визуелните уметности за промоција на културниот идентитет на регионот” и „Подобрување на туристичкиот потенцијал во Ќустендил и Куманово преку модерна визија за регионите”, се спроведуваат од страна на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општина Куманово.

– Прекуграничните проекти се важни за нас затоа што се инвестира во туризмот како сегмент кој ни е потребен, така што за овие два проекти вкупната вредност од македонската страна е над 160 илјади евра. Заедно, во двете држави, во двата програмски периоди се реализирани 178 проекти во вкупна вредност од скоро 40 милиони евра, или по 20 милиони за секој програмски период. Програмата за прекугранична соработка со Бугарија е во најнапредна фаза. Отпочнат е и третиот програмски период во кој на располагање се околу 30 милиони евра, рече министерот.

Во овие рамки на проектите каде освен македонската Влада, финансискo учество имаат Швајцарската Влада и ЕУ.

Tериторијалната противпожарна единица во Куманово ќе добие нова противпожарна опрема, која ги покрива општините Ранковце, Липково и Старо Нагоричане, а се проектира и систем за рано известување со цел да се спречи ширењето на пожарите и да се предизвикаат штети од поголеми размери.

– Според анализите изминативе 5 години се извршени 1.711 интервенции на отворен простор во кои што се опожарени 3.518 ha земјоделско земјиште и 736 ha шума со што е направена штета од околу 6.500.000 евра. Противпожарните служби се првите кои што интервенираат во случај на било каква непогода. Тоа се луѓето кои што спасуваат човечки животи и затоа нивните животи треба да бидат сигурни, искрено се надевам дека со набавката на нова опрема ќе ги заштитиме нивните животи и ќе овозможиме поефикасно да си ја вршат работата, потенцираше Пенов.

Тој додаде дека вкупната вредност на овој проектот е 21,6 милиони денари, од кои што 12 милиони денари се средства од Министерството за локална самоуправа a останатите се од Швајцарската Влада.

Како што посочи Пенов со Бирото за регионален развој во тек е набавка и поставување на 49 полуподземни контејнери за смет прилагодени за лица со посебни потреби, три повеќенаменски градежни машини за брзи интервенции за општините и јавните претпријатија, докомплетирање на туристичките содржини на постоечкиот „Инфо Центар Бислимска Клисура”, како и внатрешно уредување на спортската сала во Куманово. Сите овие проекти се во износ над 54 милиони денари.

Тој додаде дека за третиот програмски период преку ИПА прекуграничната програма набрзо ќе биде објавен јавен повик кој ќе е нова можност за општините, за институциите и за граѓанските организации да аплицираат со нови проекти.

– Средствата од ЕУ се исто така пари на даночни обврзници и очекувам да покажеме капацитет за одговорно и отчетно управување со јавните финансии, согласно правилата на ЕУ. Овие програми пред се имаат за цел да ги научат одговорните институции и оние што аплицираат, како се спроведуваат проекти и како се реализираат јавните финансии на транспарентен и отчетен начин. Општините можат да се реализираат проекти кои што ќе бидат корисни за граѓаните, ќе решаваат проблеми без притоа да се потроши и еден денар од општинскиот буџет. Токму и затоа Министерството за локална самоуправа го покрива националното кофинансирање од 15 насто, што е услов да се користат средства од ИПА инструментот. Тука сме да им помогнеме на апликантите и да ги стимулираме да подготвуваат проекти со што директно влијаеме за поголема апсорбција на средствата од ЕУ и за градење на нашите капацитети што исто така е многу важно во процесот на интегрирање на Северна Македонија во Европската Унија, заклучи министерот Пенов.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДимитриевскиКумановоМинистерство за локална самоуправаПенов

НАЈНОВО

Цана: Пациентот со мајмунска сипаница е во добра здравствена состојба, вториот не се јавил на Инфективна за преглед

May 23, 2025

„Мадам Батерфлај“ – емотивна оперска вечер во рамки на 53. „Мајски оперски вечери“

May 23, 2025

Бислимовски: Одлуката на Уставниот суд може да доведе до поскапување на топлинската енергија

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научниците создадоа „временско огледало“ – бран што се движи наназад во времето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk