ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ларсон-Џаин: С.Македонија се покажа како добро подготвена и мошне професионална во скрининг процесот

March 7, 2023 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија ја одржува 134-та седница.

На почетокот на владината седница, на покана на премиерот Димитар Ковачевски, се обрати амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џаин, која пред претставниците на Владата направи осврт на приоритетите и актуелностите на шведското претседателство со Советот на Европската Унија.

„Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија”, порача шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин и потенцираше дека шведското претседателство е сериозно посветено на овој процес, за којшто, како што рече „геополитичката ситуација донесе нова итност”.

„Северна Македонија се покажа како добро подготвена и мошне професионална во скрининг процесот”, рече амбасадорката Ларсон Џаин и пренесе поддршка за натамошниот процес на европските интеграции на нашата држава.

Ларсон Џаин соопшти дека високо се цени усогласеноста на надворешната и безбедносна политика на Република Северна Македонија со политиките на ЕУ, во актуелниот геополитички контекст.

Во обраќањето, амбасадорката говореше за приоритетите на шведското претседателство – безбедноста, конкурентноста, зелената енергија и енергетската транзиција, како и чување на демократските вредности и справување со криминалот и корупцијата.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност за тоа што шведското претседателство го внесе и го подржува поттикнувањето на евроинтеграцискиот процес со земјите од Западен Балкан во својата програма и посочи дека приоритетите на шведското претседателство, мирот и безбедноста, консолидацијата на демократските вредности и владеењето на правото се темелни определби и на Република Северна Македонија.

„Имаме освежен состав на Владата со мноштво обврски поврзани со европскиот реформски процес. Новото мнозинство во Собранието како и новиот состав на Владата се формирани токму со таа цел, обид да се забрза исполнувањето на евро-интеграциските задачи и да придонесе кон успешно завршување на скрининг процесот и после години чекање, преминување во следната квалитативна фаза – отворање на првиот кластер посветен на Темелните вредности”, рече премиерот Ковачевски.

Ковачевски, посочи дека новата, геополитичка ситуација, уште повеќе го изрази фактот, дека земјите од Западен Балкан се неотуѓив дел од континентот и од фундаментална важност за зачувување на европскиот мир, безбедност и просперитет. „Затоа, се надевам дека шведското, заедно со наредното шпанско претседателство со ЕУ во 2023 година, ќе постават јасна патека за следните проширувања на Унијата, откако ќе бидат исполнети условите”, посочи премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, го поздрави фокусот и постигнатото единство во Европската Унија, без преседан, во поглед на реакцијата кон руската воена агресија врз Украина. „Северна Македонија, во рамки на своите можности, веќе активно го поддржува фокусот на шведското претседателство кон поголема поддршка за Украина, како и во унапредување на нивниот евроинтеграциски пат, по добивањето на кандидатскиот статус”, соопшти премиерот Ковачевски.

На седницата се обратија и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Вицепремиерот Маричиќ ја нагласи важноста од одржувањето на европската перспектива на земјите од Западен Балкан. „Наш приоритет е да го задржиме континуитетот по европскиот пат за време на шведското претседателство и сметаме дека е време ова придвижување да земе поголем замав”, рече вицепремиерот Маричиќ кој посочи дека Шведска е голем пријател на Северна Македонија, што се покажува и преку поддршката со ЕУ и во билатералните односи.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи изрази благодарност што шведското претседателство со ЕУ, во фокусот на програмата ја има и интеграција на земјите од Западен Балкан, потврдувајќи дека иднината на државите е во ЕУ, што е особено важно во моменталниот, геополитички момент.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаЛарсон Џаинседница
Next Post

ДУИ: Го реализираме историскиот проект Коридор 8 и 10Д

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk