ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Андонов: За 80% зголемено производството на струја во ЕСМ во февруари, во споредба со истиот месец од минатата година

March 9, 2023 14:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Соработникот за енергетика, Виктор Андонов на денешниот прес ги презентираше најновите информации за енергетската состојба во земјата.

„Во месец февруари 2023 година, од капацитетите на ЕСМ и ТЕЦ Неготино произведени се вкупно 504.338 MWh електрична енергија, и споредено со февруари 2022 година, кога производството на електрична енергија изнесувало 280.353 MWh, преставува зголемување за 80%. Во првите два месеци од оваа година, јануари и февруари, вкупното производство на електрична енергија од капацитетите на ЕСМ и ТЕЦ Неготино изнесува 1.065.689 MWh, и споредено со истиот период во 2022 година, кога било 714,362 MWh, и преставува зголемување за 49%”, рече соработникот Андонов.

Соработникот Андонов рече дека зголеменото домашно производство на електрична енергија го одржува трендот на пораст, е клучно за ублажување на последиците од енергетската криза, како и за креирање на мерки за поддршка на најранливите категории на граѓани и на стопанството.

„Денес бевме сведоци и на потпишувањето на грантот од 80 милиони евра од Европската Комисија, токму за справување со енергетската криза, кој беше најавен во октомври 2022 година од претседателката на комисијата, Урсула Фон дер Лајен. Европската Комисија ги слушна нашите барања и на земјите од Западен Балкан, и одобри средства за справување со енергетската криза во овој дел од Европа. Енергетскиот и економски тим во Владата продолжуваат континуирано да ги следат состојбите во сите сегменти од производство на секој киловат час, дистрибуција па се до ефектот што електричната енергија го има во крајните цени на основните производи и како што сте сведоци се преземаат комплементарни мерки со единствена цел – заштитата на животниот стандард”, додаде соработникот Андонов.

Андонов го презентираше дневниот енергетски биланс, и рече дека во текот на вчерашниот ден, вкупното домашно производство на електрична енергија изнесуваше 15,111 Mwh, од кои во термоелектраните произведени се 10,297 MWh, а од обновливи извори 4,814 MWh.

Tags: АндоновЕСМ
Next Post

Османи на средба со Џачка и Дачиќ: Трајното и одржливо решение ќе обезбеди мир, стабилност и напредок на регионот

НАЈНОВО

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025
Фото: Скриншот, видео Нефликс на Јутјуб

(ВИДЕО) Пентагон реагира за филмот на Кетрин Бигело „House of Dynamite“ на Нетфликс

October 27, 2025

УХМР: По дождот, доаѓа стабилно време

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk