ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Бочварски до Пецаков за случајот „Лагадин“: Нема потреба од манипулација или двојни игри

March 10, 2023 15:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за транспорт и врски не го потврди одобрението за градење на објектот во Лагадин, затоа според пресудата на Управниот суд и укажавме на Општина Охрид по кој било друг основ да ја разгледа постапката за одобрението за градење и прибавената документација и да донесе решение за ништовност, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на прес-конференција во Министерството.

Министерот, образложувајќи ги сите постапки што се воделе од 2016 година, истакна дека тоа е процес и постапка што се водела во Општина Охрид за објект од втора категорија која е во ингеренции и надлежност на Општината.

-Во 2017 година Општина Охрид на инвеститорот му издава одобрение за градење за изградба на објект на Лагадин. Во 2017 година, Општина Охрид го прогласува за ништовно одобрението што сама го издала. Инвеститорот во неколку наврати поднесува жалба до Министерството. Во 2019 година Министерството ја одбива жалбата на инвеститорот и го потврдува решението на Охрид со што и двете институции се на иста линија во однос на предметот. Во 2019 година инвеститорот поведува управен спор и тужба на Управен суд против Министерството и Општина Охрид. На 7 ноември 2019 година, Управниот суд донесе пресуда против решението на Министерството и Општината со што го задолжува Министерството да го врати предметот во Општина Охрид која треба да постапи по пресудата на Судот, образложи Бочварски.

Во 2020 година, пак, како што додаде, Општина Охрид донела ново решение за поништување на одобрението за градба и Министерството и тогаш повторно ја потврдило одлуката на градоначалникот. Против ова решение во 2020 година инвеститорот повторно повел управен спор пред Управен суд против Министерството и Општината. Во 2022 година Управниот суд донел пресуда од 10 страни со детални насоки дека по донесените докази од Општина Охрид одобрението не може да биде прогласено за ништовно.

-Во истата предудата Управниот суд како највисок орган го задолжува Министерството да постапи мериторно и дава можност на Општина Охрид да ја разгледа повторно постапката за давање одобрение за градење и доколку има друг основ да го прогласи за ништовно одобрението за градење по друг основ не по овој по кој е прогласено во 2017 година. Овде јасно се гледа незаинтересираност на Општината да го разработи детално целиот предмет, да додаде дополнителни аргументи за поништувањето на одобрението, туку напротив само го потврдува претходното спротивно насоките од Управниот суд, нагласи Бочварски.

Во Министерството влегла и управна инспекција и со решение ги опоменала и министерот и Министерството задолжително да донесат мериторна одлука по насоките на Управниот суд.

-Министерството после задолжението од Судот и управната инспекција носи решение со кое на Општината и укажува дека по тој основ не може да го поништи решението за градење согласно насоките од двете институции кои се над нас, рече Бочварски.

Комисијата за УНЕСКО, посочи Бочварски, дава препорака на Општината да го преиспита целосно одобрението за градење во делот на целата постапка и се уште, како што нагласи, не е јасно зашто тоа не го прави Општина Охрид по шест години од издавањето одобрение за градење и не сака да ја разгледа целата постапка.

-Нема да дозволам ниту јас ниту Министерството, ниту Владата да бидеме оправдание за погрешните одлуки и политики на Општината со кои во 2016 година донеле одлука за правосилно одобрение за градење, а во наредните години бараат тоа решение да биде поништено. Јавно го повикувам градоначаликот дека нема потреба од манипулација или двојни игри, може да го отвори повторно предметот на разгледување во Општина Охрид нешто што од него го побара и Комисијата за УНЕСКО. И тоа може да го направи по сите основи само не по овој. Доколку не знае како, Министерството стои на располагање да помогне во понатамошните постапки со цел да дојде правдата во однос на овој објекти или за секој друг објект, заклучи Бочварски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БочварскиЛагадинОхридПецаков

НАЈНОВО

Љубиша Арсиќ во интервју за Трн: Плажата „Оревче“ е израз на моето постоење

July 13, 2025

Објавена причината за смртта на актерот Џулијан Мекман

July 13, 2025

Барди нов играч на Коњаспор

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk