ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Граѓаните должат 230 милијарди денари во банките, а колкави се нивните профити за 2022?

March 10, 2023 15:12
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Минатогодишниот чист банкарски профит, по оданочување, е 157,3 милиони евра, покажуваат податоците од Народната банка. Ако се споредат податоците со 2021 година која ја завршија со профит од 148,8 милиони евра, излегува дека лани вкупната добивка на 13 банки во земјава се зголемила за 8,5 милиони евра, или за 5,7 отсто, што не е импозантен плус за еден вака во принцип солидно профитабилен сектор, пишува ЦИВИЛ.

Нето приходите од камати им носат убедливо најмногу пари на банките, па на оваа основа тие заработиле дури 287 милиони евра, што во однос на претходната година е пораст за цели 32 милиони евра.

Нето приходите од провизии и надоместоци лани достигнале над 101 милиони евра, што е раст за 10 милиони во споредба со 2021 година. Пораст има и кај нето приходите од курсни разлики, кои достигнале лани 29 милиони евра и каде порастот е за 10 млиони евра.

Но, затоа пак ставката останати приходи од дејноста кај банките е серозно намалена и тоа за над 20 милиони евра, сведувајќи се на помалку од 42 милиони евра во 2022 година.

На расходната страна има пораст на сите значајни ставки. Загубите поради резервации на лошите кредити се 70 милиони евра лани и тоа е раст за седум милиони евра. Трошоците за вработените се 93 милиони евра во банкарскиот сектор, што е зголемување за пет милиони евра, што значи или се зголемиле платите, или има нови вработување во македонските банки.

За околу осум милиони евра се зголемиле и останатите расходи од дејноста и тие биле на ниво од 105 милиони евра во 2022 година.

Стопанска банка Скопје, Комерцијална банка, НЛБ Банка, Шпаркасе и Халк банкаимаат најголема добивка од над 143 милиони евра, наспроти 135 милиони евра во 2021 година.

Трите средни банки имаат вкупна добивка од 10 милиони евра, што е намалување во однос на претходната година за два милиони евра, додека, пак, петте мали банки се подобрени и имале профит лани од 4,5 милиони евра, што е двојно повеќе од 2021 година.

Tags: банкиграѓаниМакедонијапрофит
Next Post

Руско гранатирање во Доњецката област - повредени се шестмина цивили

НАЈНОВО

Фото илустрација: EWB

Европа зборува, Македонија стои

November 4, 2025

Хаос на американските аеродроми: Над 3,2 милиони патници погодени од доцнење по затворањето на владата

November 4, 2025
Фото: Амбасада на Јапонија

Јапонската култура во Македонија: Почнуваат Деновите на филм и анимација во Скопје и Битола

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk