„Најголемиот скандал денеска во државата е одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да се изгласаат уставните измени“.
Ова го изјави новиот министер за правда Кренар Лога синоќа во дебатниот магазин „Клик Плус“.
„Тие се најголемите виновници, и нивното раководство. Јас мислам дека уставните измени ќе бидат решени брзо, особено кога сме блиску до договор меѓу Косово и Србија. Ова ќе го направи патот многу полесен да се реши и оваа мисија“, рече Лога.