Од 2-ри август 2022 година, земјите на ЕУ започнаа со примена на Директивата (ЕУ) 2019/1158 за рамнотежа помеѓу работата и животот на родителите и старателите, која предвидува одредби за мајчинското, татковството и отсуството на старателите. Од друга страна, во дел од земјите од Западен Балкан и Молдавија, сè уште се дебатира за потребните реформири за усогласување на домашните закони за работни односи со законодавство на ЕУ. Во тој контекст, мрежата за родово-одговорно буџетирање (МРОБ) организира вебинар насловен „Регулирање на мајчинското и татковското отсуство – влијание врз трошоците и промена на родовите вредности“. Вебинарот ќе се одржи онлајн преку платформата Zoom на 10-ти март (петок), 2023 година со почеток во 13 часот.
Целите на вебинарот се:
• Подигнување на свеста за Директивата на ЕУ за рамнотежа помеѓу работата и животот на родителите и старателите и статусот за нејзиното спроведување во Западен Балкан и Молдавија;
• Расправа околу трошоците и придобивките, вклучително и промената на родовите вредности кои можат да произлезат од усогласувањето на домашното законодавство со директивата на ЕУ;
Вебинарот е организиран во синергија помеѓу двата проекта – „Зајакнување на транспарентноста и одговорноста за родова еднаквост во Западен Балкан и Молдавија“, поддржан од Австриската агенција за развој и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка и проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, финансиран од Европската Унија.