ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

8 регионални настани како дел од третата кампања на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”

March 15, 2023 14:01
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Како дел од активностите на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”, кој е финансиран од Европската Унија, во периодот од март до мај 2023 година ќе се одржат 8 регионални настани во 8те плански региони. Овие настани се дел од третата проектна кампања која ќе започне со национален настан кој ќе се одржи во Скопје на 15ти март 2023 година. Градови-домаќини на останатите настани ќе бидат: Куманово, Тетово, Битола, Струмица, Струга, Штип и Кавадарци, а учесници ќе бидат претставници од училиштата, општините, невладините организации, општествено одговорни компании и поединци. Целта на овие настани е да се разговара за инклузијата и инклузивното образование, да се претстават активностите и постигнувањата на Проектот, а планирана е и заедничка дискусија за успешните приказни на полето на инклузијата како и предизвиците со кои се соочуваат училиштата, институциите и општините во својата намера да обезбедат инклузивна клима.

Овие средби ќе бидат одлична можност да се разговара за улогата на општините, училиштата, невладините организации и општествено одговорните компании и степенот на нивната меѓусебна комуникација во однос на важните аспекти за обезбедување на пристапна средина за учење и квалитетно образование на лицата со попреченост. Преку споделување на искуства ќе се добие јасна слика за локалните текови, успешни приказни и предизвици, а ќе бидат презентирани и глобалните трендови и практики за инклузија на лицата со попреченост со цел изнаоѓање на потенцијални решенија кои можат да се применат во соодветниот регион.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” се заложува за квалитетно и инклузивно образование со цел секое дете да има еднакви можности за развој, учење и остварување на своите потенцијали. Проектот го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор” заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива” и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак”, вo соработка со Министерството за образование и наука.

Во рамките на проектот се доделија стипендии на повеќе 470 ученици со попреченост кои се запишани во основни училишта, а повеќе од 150 од овие ученици добија и туторска и образовна поддршка. Се поддржуваат и наставниците, инклузивните тимови и образовните асистенти преку обуки за професионален развој. Дополнително, се подобри пристапноста и инклузивноста во 43 редовни основни училишта преку опремување на 22 сензорни соби, 3 сензорни катчиња и 1 сензорна градина, набавка на 1 уред за мобилност низ училишната зграда и 5 пакети дидактички, сензорни и асистивни средства и помагала, реновирање на 1 пристапен тоалет и изградба на 10 инклузивни игралишта.

Tags: Биди ИНбиди ИНклудиран"биди ИНклузивенкампања
Next Post

Активности на сопругата на претседателот Ѓоргиевска во Абу Даби

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk