Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема ќе го продолжи договорот со клубот, објави „Л’Екип“.
Триесет и петгодишниот напаѓач постигна вербален договор со „Кралевите“ за продолжување на договорот до летото 2024 година. Неговиот актуелен договор со клубот истекува на крајот од сезоната.
Бензема оваа сезона настапи на 15 натпревари во Примера, постигнувајќи 11 гола и три асистенции.
Реал вечер од 21 часот го пречекува Ливерпул во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. На првиот натпревар Реал победи со 5:2.