Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска на средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо ги потенцираше проектите за изградба и реконструкција на патната мрежа во државава, посебно во делот на изградба на автопатската делница Кичево – Охрид и експресниот пат Фариш – Дреново, каде изведувач е компанија од Кина и ја истакна потребата од заедничка заложба од сите инволвирани страни за навремена реализација на капиталните проекти.
– Денешната работна средба со амбасадорот Џанг Ѕуо ја искористив да поразговараме за капиталните проекти, динамиката на реализација и нивното значење за регионот. Посебен фокус ставив на проектите каде изведувач е кинеска компанија. Ја нагласив потребата и значењето од навременото завршување на овие проекти и нивното влијание во создавање на новата патна мрежа во регионот, изјави Бочварски.
Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, Бочварски изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласил потребата од интензивирање и во понатамошниот период.