Членови и симпатизери на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на своите профили на социјалните мрежи почнаа да споделуваат слоган „Тој доаѓа“, за кој од вчера се шпекулира е новата, засега неофицијална, кампања на партијата на Али Ахмети, со која се највува доаѓањето на првиот Албанец премиер на чело на државата.
Високи функционери на партијата, меѓу кои Артан Груби и Бујар Османи, во изминативе денови ја „начнаа“ темата во изјави за медиумите
Груби за косовска телевизија рече дека договорот што бил постигнат меѓу лидерот Али Ахмети и поранешниот премиер Зоран Заев предвидува во последните 100 дена од мандатот на Владата функцијата да ја извршува Албанец.
Првиот вицепремиер рече дека нема амбиции да го замени актуелниот премиер Димитар Ковачевски, туку дека изборот ќе го направи лидерот Али Ахмети.
Османи, пак, пред неколку дена најави дека наскоро Албанец ќе биде премиер, со што потсети на договорот со СДСМ од деновите на последното коалицирање.