ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МЗШВ и ИМЕ го ја промовираа новата Програма за финансирање на земјоделски производители на храна

March 16, 2023 11:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Во рамките на теренската кампања за подобра информираност на земјоделците и промоција на новата Програма за финансирање на земјоделски производители на храна, вчера во Скопје се одржа централен настан со големо присуство на претставници на земјоделски здруженија и мали производители.

Настанот беше организиран од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

„Целта на кампањата е преку активни директни средби со малите производители, да им се презентираат придобивките од Програмата и да се мотивираат да аплицираат во што поголем број. Кампањата веќе тече низ целата држава, активно се вклучени тимови од МЗШВ, АФПРРЗ, АПРЗ и АХВ. За поголема информираност, во партнерство со Швајцарската програма ИМЕ, изработено е и кратко видео со опис на сите чекори кои треба да ги преземат производителите со цел да се евидентираат во АХВ како оператори со храна и како да аплицираат на јавните повици за финансиска поддршка кои веќе се во тек” изјави министерот Николовски.

Основната информација која ќе им го отвори патот на сите заинтересирани е дека за да учествуваат на повикот треба да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и да се регистрирани или евидентирани како оператори со храна од животинско, односно неживотинско потекло, во Агенцијата за храна и ветерина.

Ова е прв и основен чекор за аплицирање, а потоа следи обезбедување на останатите документи пропишани со јавните повици. 

Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е заклучно со 02. април 2023 година. Ова значи дека има доволно време да се обезбеди потребната документација и да се охрабрат производителите да аплицираат.

Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600.000,00 денари по корисник без вклучен ДДВ за следните намени:

– трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) во висина до 90% и/или

– трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна) во висина до 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

Финансиската поддршка се остварува со поднесување на Барање до Министерството за неповратна финансиска поддршка. Барањето се доставува во еден оригинален примерок во писмена форма заверен и потпишан од страна на барателот. Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка согласно Програмата. Барањето заедно со документите се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети број 2, 1000 Скопје или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот.

Дополнително, на сите заинтересирани корисници на грантот од програмата, Швајцарската програма ИМЕ ќе обезбеди обука на малите семејни бизниси за финансиско работење, маркетинг и користење на дигитални алатки за промоција и директна продажба. Со тоа, поддршката е целосна и опфаќа не само поддршка во финансиски средства за набавка на опрема туку и помош како понатаму да го развиваат производството, да ги промовираат и продаваат производите а со тоа да си обезбедат приход и одржливо производство, што е и крајна цел на нашите заеднички напори.

Tags: ИМЕМЗШВ
Next Post

Техно-менаџерски „know-how“ патриоти

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk