Висок официјален претставник на Украина, Антон Герашченко, го спореди рускиот претседател Владимир Путин со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, за време на неговата посета на Мариупол, еден од градовите што беше разурнат до темел уште на почетокот на т.н. руска инвазија на Украина.
„Имаше и друг диктатор, кој исто така, еднаш го посети Мариупол. Знаеме како заврши неговата приказна. Хитлер го посети штабот на армиската група Југ во Мариупол, Украина, во декември 1941 година. Многу историчари тврдат дека токму тука Хитлер за првпат сфатил дека ја изгубил војната“, напиша денеска на својот профил на социјалната мрежа Твитер, Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.
Another dictator also visited Mariupol once. We know how his story ended.
: Hitler visiting Army Group South HQ at Mariupol, Ukraine in December 1941.
“Many historians and contemporaries claim that it was here that Hitler first realized the war was lost” – WarHistoryOnline pic.twitter.com/jcWUjyxLzG
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) March 19, 2023
Мариупол е стратешко пристаниште покрај Азовското Море и бил заземен за време на нацистичката окупација на советска Украина во Втората светска војна од 1941 до 1943 година. Градот во тоа време бил сериозно оштетен, пишува Newsweek.
По 80 години од нацистичката окупација на Мариупол, градот повторно доживеа слична судбина откако руските сили минатата година започнаа тешка офанзива на Украина и оставија илјадници жители без храна, вода и комунални услуги.
Путин го посети градот во саботата, еден ден откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење за воени злосторства.
Извор: Рацин.мк