ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Билјана Талеска: Здружението на земјоделски инжинери „АГРОНОМ 1947“- водечки центар на професионалци во земјава за развој на агросекторот

March 20, 2023 11:06
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на земјоделски инженери „АГРОНОМ 1947“ е новоформирано здружение основано со цел зајакнување на соработката и координацијата меѓу земјоделските инженери во земјата.

За идеите, моменталните активности и плановите за делување на Здружението, Агротим разговара со претседателката Билјана Талеска.

Агротим: Која беше идејата што ве мотивираше да го формирате ова Здружение?

Билјана Талеска: Идејата за основање на Здружението произлезе од група земјоделски инженери кои ја ценат и почитуваат својата професија и сакаат својот ентузијазам и љубовта кон унапредување на професијата  да ги пренесат кон своите колеги, помладите генерации и пошироката јавност. Со покоординиран, заеднички и професионален пристап сакаме да покажеме дека професијата земјоделски инженер е атрактивна и особено значајна во развојот и модернизација на земјоделското производство во нашата држава.

Агротим: Која е визијата на Здружение на земјоделски инженери АГРОНОМ 1947 ?

Билјана Талеска: Нашата визија е Здружение да стане водечки центар на професионалци во земјата, кои работат заедно за да создадат конкурентен земјоделско-прехранбен сектор преку пренос на знаење, технологија, информации и иновации во секторот.

Поради тоа Здружението е посветено на зајакнување на соработката и координацијата меѓу земјоделските инженери, на препознавање и промоција на професијата, значајните достигнувања во секторот и влијание во процесот на креирање, следење и имплементирање на иновативни политики во земјоделството и руралниот развој.

Агротим: Кој може да членува во Здружението?

Билјана Талеска:  Член на Здружението може да биде секој земјоделски инженер, дипломиран на еден од факултетите во државата. Отворени сме за соработка и заинтересирани за вклучување на сите ентузијасти кои си ја сакаат својата професија и имаат желба да допринесат во уште поголема професионализација и зголемување на атрактивноста на истата. Секако постои можност и за членување и на сите други заинтересирани лица кои ги споделуваат нашите вредности и имаат желба да се вклучат во реализирањето на активностите и постигнувањето на целите на Здружението, како почесни членови.

Агротим: Кои се планираните активности на Здружението?

Билјана Талеска: Уште првата година планираме  спроведување на голем број на активности со особен осврт на зголемување на професионализација преку неформалната едукација и советување на членовите на здружението, медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението и професијата и организирање на конференции, семинари, обуки и сличен вид на активности.

Во текот на април 2023 година планираме да организираме промотивен настан за презентација на планираните активности на здружението и да ја најавиме Годишната конференција на земјоделските инженери во државата на која ќе земат учество и претставници на меѓународни организации. На овој настан меѓу другото ќе бидат презентирани новитетите на Заедничката земјоделска политика на Европската Унија и искуствата во нејзина имплементација,  размена на информации и соработка со соодветни национални и меѓународни организации.

Во соработка со факултетите од областа на земјоделството планирани се низа активности за промоција на професијата и презентирање на успешни приказни на земјоделсики инженери во државата, со цел  мотивација и мобилизирање на младите во актуелните услови на недостиг на земјоделски инженери во државата и зголемен интерес на бизнис секторот за вработување на ваков кадар.

Ќе работиме и на лобирање и зајкнување на соработката со надлежните институции за препознавање на професијата и креирање на политики за унапредување и модернизација на земјоделското производство и развојот на руралните средини. Веќе воспоставивме соработка со здруженија на земјоделски инженери од регионот и ЕУ, со цел пренесување на нивните искуства и поставување на систем за едукација и пристап до најнови информации и иновации во земјоделството.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „АГРОНОМ 1947Билјана Талеска

НАЈНОВО

Фото: МИА

Сончево со температура до 38 степени

July 1, 2025

Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, фокус на Планот за раст

July 1, 2025

Данела Арсовска со Отворено писмо до евроамбасадорот Михалис Рокас

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk