Финска е прогласена за земја со најсреќна популација шеста година по ред, според Светскиот извештај за среќа објавен денеска. Македонија е на 87-то место на листата.
Од соседните земји, Словенија е најсреќна на 22 место, па Косово на 34, Италија е 33, Србија 45, Хрватска 48 и Унгарија 51. Црна Гора е на 67 место во Светскиот извештај за среќа, а Босна и Херцеговина е на 71 место. Грција е малку полоша, таа е на 58 место, под Јужна Кореја. Русија е едно место подобра од БиХ и е на 70. место. Албанија е на 83. место, над Индонезија и Јужна Африка.
Меѓу најсреќните нации во светот, по среќната Финска се Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.