ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации во Париз

March 20, 2023 15:15
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при ИНАЛКО и Ѓоко Здравески, лектор по македонски јазик на институтот ИНАЛКО.

На средбата со Жан-Франсоа Хуше, претседателот на оваа реномирана јавна установа од научен, културен и стручен карактер, а којашто е под надзор на француското Министерство за високо образование, истражување и иновации, претседателот Пендаровски беше запознат со историјатот на ИНАЛКО кој е создаден во 1795 година, како наследник на Училиштето за oриентални јазици основано во 1669 година, како и за основните и применети специјализирани истражувања на Институтот и неговиот придонес како место за средба на светските култури и промоција на културната различност.

Соговорниците разменија мислења за иднината и позицијата од научна и стратешка перспектива на малите јазици, каде што спаѓа и македонскиот јазик и разговараа за пристапот на ИНАЛКО кој овозможува збогатена академска и културна размена и соработка меѓу Северна Македонија и Франција.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи задоволство од петдецениското опстојување и функционирање на Лекторатот по македонски јазик во рамките на ИНАЛКО, истакна дека е исклучително важно што македонските студии се прифатени во категоријата ретка научна дисциплина, која обезбедува стабилност во истражувањата и гарантира признавање, заштита и зачувување на македонистиката во ИНАЛКО, со неможност да се спои со други студии.

На средбата со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при ИНАЛКО. Ѓоко Здравески, лектор по македонски јазик на институтот ИНАЛКО, лектори и студенти, претседателот Пендаровски беше информиран за работата на првата професорска катедра по македонистика, основана надвор од нашата држава, како и за големиот јубилеј – половина век од отворањето на Лекторатот по македонски јазик и иницијативите за продлабочување на соработката и вложување во развојот на македонистиката во Франција.

Професорите информираа за непрекинатата 50-годишна работа на Лекторатот по македонски јазик, за соработката со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, како и за зголемениот интерес за македонистиката на ИНАЛКО. За време на посетата на ИНАЛКО, претседателот Пендаровски се сретна и со професори, слависти, македонисти и студенти, кои ги споделија нивните впечатоци и искуства. Студентите се од цел свет, Конго, Грција, Албанија, Франција, но сите со една желба да го научат македонскиот јазик.

Посетата на претседателот Пендаровски на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз претставува прва посета на македонски претседател на овој значаен Институт кој спроведува истражувачки проекти во повеќе од сто земји и остварува заедничка обука со странски универзитети и е референтен институт за обука и истражување на денешните јазици и цивилизации.

Претседателот Пендаровски престојува во работна посета на Париз, Француската Република, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов и 30-годишнината од македонското членство во УНЕСКО, кадешто утре ќе се одржи меѓународен симпозиум во чест на Ацо Шопов, поетски перформанс и изложба.

Tags: ИНАЛКОпаризПендаровски
Next Post

Совет на амбасадори: Охридскиот договор произведува позитивен импакт врз политичките и развојните процеси во Македонија

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk