ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најмалку 70% од домашното производство на јајца ќе се пласира на домашниот пазар

March 21, 2023 15:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе се пласира на домашниот пазар, одлучи денеска Владата.

Таа ги обврза трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што ја набавувале во јануари и февруари годинава и ја замрзна нивната цена на нивото од 15-ти месецов. Владината одлука со која денеска се замрзна и цената на оризот, ќе важи до 30-ти следниот месец.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, просечната цена на јајцата на 15 март изнесувала околу 8,5 денари, а најскапото чинело 9,8 денари зависно од пакувањето, амбалажата и трошоците што ги имале компаниите.

-Многу е важно да се нагласи дека е зголемена побарувачката за производоството на јајца од државава особено од нашите соседи каде што цените се движат од 14 до 20 центи и нагоре. Тоа значи дека ако се дозволи целосен извоз повеќето заради економски интерес би можеле да го насочат целото произвдоство во соседните држави. Затоа дополнително освен за замрзнувањето на цената е донесена и одлука за ограничувањето на извозот, каде што 70 проценти од целокупниот пласман во јануари и февруари сите наши производидители да ги снабдуваат нашите ланци на маркети, а со тоа да нема недостаток на овој производ и да нема зголемување на цената како притисок однадвор особено од државите во регионот, рече Бектеши.

Сите цени, на табла, на парче, кои биле на 15 март, појасни, не може да бидат повисоки од тие на 15 март. Пониски можат да бидат, но повисоки не можат да бидат од сите производители кои ги имале тие цени во нашата држава и увозните ако во случај имале увоз во тој период.

На денешната седница на Владата е разговарано и за евентуално за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, а анализите што ги направило Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство треба да се достават до Министерството за економија и до Кабинетот на премиерот.

-Како што најавивме тоа беше една од дискусиите денеска на седница на Владата на предлог на претседателот на Владата за тие конкретни анализи да се достават до Министерството за економија и до кабинетот на Претседателот на Владата заради тоа што ако треба да се донесе одлука за замрзнување на цената, ограничување и слично, тоа се носи согласно со Законот за трговија, но инпутот треба да го даде Министерството за земјоделство и согласно нивните анализи ние заедно со Кабинетот на претседателот ќе донесеме соодветни одлуки во делот на овошјето и зеленлукот, рече Бектеши, на новинарско прашање.

Tags: БектешиизвозЈајца
Next Post

Курти очекува меѓународните фактори да ја осудат Србија за неспроведување на договорот од Охрид

НАЈНОВО

Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk